03 Мај, 2024
0.0275

Четири техники кои ќе ви помогнат да се справите со негативните мисли!

Објавено во: Стил 30 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Негативното размислување може да биде катастрофално не само за професионалниот, но и за личниот живот. Ако секојдневието не ви се допаѓа, огледајте се на себе си- ние сами ги создаваме случувањата околу нас. За да бидеме задоволни од животот, треба да се ослободиме од стравот, загриженоста, стравовите и негативните мисли. Сите тие се бескорисни.

Како сепак да го направиме тоа? Постојат четири независни една од друга техники за борба против негативното размислување:

Техника на пресекување

Уште во моментот кога ќе почувствувате дека мислите за нешто негативно - веднаш прескокнете ја оваа мисла и почнете да размислувате за нешто радикално поинакво.

Не се расправајте со неа, не се заштитувајте, не ја анализирајте, не одете против неа. Едноставно прескокнете ја веднаш. Клучот е да го направитетоа  уште во моментот кога ја препознаете.

Набљудувајте ги негативните мисли

Најважно нешто што треба да направите е да ја класифицирате негативната мисла. „Што се случува внатре во мене?“ “Ахааа, чувствувам негативна мисла“. Клучот тука е да не се фатите во стапицата. Дознајте ја вистината - негативните мисли ви влијаат само ако реагирате на нив!

Ако не реагирате, тие немаат влијание над вас. Негативните мисли се како пијавици - тие само ја цицаат енергија. Нашата реакција им дава сила, но ако не реагираме - тие немаат влијание врз нас.

Негативните мисли ни влијаат само и единствено ако реагираме во однос на нив. Не реагирајте. Повторувајте си: „Ова е само една негативна мисла!“ Дури може и да ја истанцувате или испеете ако сакате. Ниту една мисла не може да поседува поголема сила од онаа која ќе и ја дадете вие  самите.

Техника на претерување

Секоја негативна мисла е претерана до бескрај. Клучот е во преувиличувањето. Ако ја преувеличите негативната мисла малку, таа станува уште полоша. Но ако ја направите смешна, нејзината силата ќе изгуби на траење. Доведете ја до апсурд.

Неутрализираjте ја негативната мисла со нејзината целосна спротивност

Ако на пример ви се вреже мислата: „О, боже ќе ја загубам работата“ - неутрализирај ја со целосна спротивност. „Не си разбрала! Ќе се справам брилијантно! Ќе имам фантастичен успех!“

Тајнaта на овој зафат е едноставен. Умот може да произведува во исто време само по една мисла. Она што се случува е дека се раѓа мисла по мисла. Затоа, ако ја исфрлите негативната мисла и ја замените со целосна спротивност, вие ја уништувате нејзината сила.

Следниот пат кога ќе почувствувате негативна мисла, реагирајте брзо и направете една од овие четири техники. Помага навистина!