Четириесет и шест годишен маж од Зајас загина на патот Кичево - Охрид
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2022
Маж загина на патот Кичево - Охрид.
Во 00:55 часот по полноќ на магистралниот пат Кичево-Охрид, автомобил „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, кој го возел А.А.(46) од селото Зајас, излетал од коловозот. А.А. починал на местото на несреќата, а лекар од Медицински центар Кичево констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.