11 Мај, 2024
0.0235

Четворица холивудски актери во трка за улогата на Путин

Објавено во: Стил 03 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Четири актери се во трката за улогата на рускиот претседател Владимир Путин во новиот проект „Путин”, кој ќе се снима оваа пролет.

Ова го изјави Валериј Сарјан еден од менаџерите на компанијата „Најтс бриџ ентертејмент”.

Тој ги демантира гласините дека Леонардо Дикаприо веќе ја добил улогата.

„Немаме никаква информација за тоа дека Леонардо Дикаприо се согласил да го игра Путин.Можно е галама да се крена поради гласините од германските медиуми. За сега, можам да кажам дека во трката за путиновата улога се четворица првокласни актери, а филмот ќе го режира човек кој има два Оскари” – изјави Сарјан.

Сарјан исто така признал дека сценариото на филмот не е работено во соработка со Путин, иако некои медиуми пишувале за тоа дека Путин учествувал во тој процес.