02 Мај, 2024
0.0269

ЧОВЕК-ЖИВ СВЕТЕЦ СО БОЖЈА МИСИЈА: Кој е Дедо Добри од Бугарија кој денес полни 102 години?

Објавено во: Балкан, Стил 20 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Добри Добрев е старец од Бугарија, роден во село Бајлово, на денешен ден, 20 јули во далечната 1914 година, кој го сметаат за жив светец. Останал речиси сосема глув во Втората светска војна, а годините ниту недостатокот на слух не го спречуваат секојдневно да поминува 44 км од Бајлово до Софија, каде денот го пминува во своевидно „просење“. Некогаш тој пат го поминувал пеш, а денес, поради годините, тоа го прави со автобус.

dobri1

Зошто своевидно просење? Прво, парите кои ги „испроси“ не ги задржува за себе, но за тоа нешто подоцна, а второ-според сведоштвата на мештаните, тој никогаш директно не бара пари.

Кога фотографиите на племенитиот старец се најдоа на социјалната мрежа „Imguru“, еден корисник прокоментирал:

„Го знам дедо Добри-така го нарекуваат сите локалци. Живеев во Софија пола година и секојдневно патував со него во трамвај. Излегуваше секогаш станица после мене. Секојдневно патниците го препознаваа и му приоѓаа да му честитаат. Добри е полн со приказни кои ја топлат душата. Исто така, никогаш не моли за пари, секогаш има чашка крај себе во која луѓето му ставаат кој колку може, а тој на секој му покажува благодарност.“

dobri3

Што се случувало со парите кои дедо Добри ги собрал?

Храмот Свети Александар Невски, патријаршија на Бугарската православна црква, е изграден во 1908 година, со децении бара реставрација. Сепак, и покрај тоа што таму редовно се одржувале служења, и покрај тоа што ги собирал највисоките црковни претставници од цел свет, бил се позапуштен.

А тогаш се појавил дедо Добри.

„Не можев да верувам а и понатаму ми е тешко да сфатам дека убедливо најголем предлог за обнова на Храмот Свети Александар Невски ја дал дедо Добри-оној кој секогаш им се поклонува на сите, облечен во народна носија. Минатата година дал прилог од 35.700 лева околу (20.000 евра)! Тој, толку сиромашен и скромен“!-рекол после обновата Тиверополскиот епископ Тихон.

dobri6

Дедо Добри, воен ветеран, има месечен приход од само осумдесет евра. И покрај тоа, не присвоил ниту лев за себе, туку парите на добрите луѓе ги чувал како би дал прилог за обнова на Храмот.

Епископт Тихон, откако старецот приложеил богат прилог каков со децении никој не дал, го прашал дедо Добри зошто тоа го направил.

dobri5

„Собирам пари за манастрири. Сакам да ги обновиме сите запуштени цркви и манастрири. Вредно работиме на тоа, не е тоа многу, но даваме се од себе. Многу цркви се запуштени и никој не ги посетува. Би требало сите да се обноват“, рекол дедо Добри пред камерите.

Многу манастири и цркви во Бугарија овој дедо ги обновил со својата предана работа-црквата „Свети Кирил и Методиј“ во родното Бајлово, црквата „Свети Ѓорги“ во Горна Камарица ...списокот е долг, а дедо Добри и понатаму работи на својата мисија.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/9PjrwqA1gz8[/embed]

„Нема ништо поубаво од стремежот секогаш, секаде и во се да бидеш добар човек“ - Дедо Добри.

Сепак, одговор на прашањето зошто тоа го прави никогаш не дал. Не сака да говори за себе-тогаш редовно кажува дека тој „не е важен“. Во едно неодамнешно интервју кое го дал, споменал дека некогаш се занимавал со земјоделство. Куќичката во Бајлово пред повеќе години и ја подарил на Црквата.

Од април годинава, Дедо Добри, симболот на доброто во Бугарија, живее во манастир. На 102 години живиот светец од село Бајлово се повлече во Кремиковскиот манастир. Светителот ја донел одлуката тоа да биде и местото каде ќе го дочека судниот час.

Далеку од било каква суета во Кремиковскиот манастир „Свети Ѓорѓи“ во строг пост, скромна ќелија и смирена молитва му минуваат деновите на 102-годишниот дедо Добри.

dobri2

Покрај сето тоа, дедо Добри децидно одбил да како донатор неговото име биде забележано во црквите и манастирите кои ги дарувал. За себе никогаш ништо не бара-ниту благодарност.

„Почитувајте ги своите семејства, бидејќи Бог тоа го сака. Бидете добри, молете се и верувајте. Бог ќе ги слушне вашите молитви и ќе ги услиши“-е неговата порака до сите луѓе.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“