Човекот кој ја предвиде големата економска криза советува како да направите пари
Објавено во: Економија 25 Март, 2017
Роџер Ворд Бабсон кој живеел во првата половина на 20-от век и ја предвидел големата економска криза, дава совети како да направите пари.
Тој бил еден од најмоќните и најбогати луѓе во тоа време и составил листа на совети кои се однесуваат на парите. Неговите совети нема да ве направат милионери, но ќе знаете „паметно да вложувате“.
1. шпекулациите и инвестициите никогаш не одат заедно
2. не дозволувајте да ве „заведе“ името на фирмата
3. бидете внимателни со новите промоции
4. следете ги случувањата на пазарот
5. никогаш не купувајте, ако сите факти не сте ги земале в предвид
6. заштитете ги своите вложувања
7. не купувајте акции во една иста компанија
8. за вложување во мали и средни претпријатија треба добро да се размисли
9. обезбедете се себе си, немојте да тежнеете да се збогатите
10. лошата инвестиција не може да стане добра