12 Мај, 2024
0.0235

Cтартуваше жетвата на ориз во Кочанско

Објавено во: Агробизнис 01 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Во атарот на селата Чифлик и Чешиново почна годинашната жетва на оризот. Првичните приноси се задоволителни, и од турските и од домашните сорти, пренесува МИА. - На десет декари засеав и турски и домашни сорти ориз. И едните и другите дадоа доибри приноси во просек од 500 до 700 килограми по декар. Временските услови се поволни за жетва со комбајн за еден декар и се плаќа по 1.000 денари - истакнува Блаже Манев, земјоделец од село Чифлик. Според Стојан Манасиев од село Чешиново, приносите зе задоволитечни. Она што останува да се види е по која цена ќе се врши откупот на арпата и белиот ориз. Во Кочанскиот производен регион годинава под ориз се насеани 4.500 хектари од кои се очекува род од 22 тона оризова арпа или 15 тони кавлитетен бел ориз.