Да се повлече одлуката за поскапувањето на струјата, бараат граѓанските организации
Објавено во: Економија 11 Септември, 2020
Граѓанските организации попладнево повторно излегоа на протест против поскапување на струјата.
Дел од барањата се веднаш да се повлече одлуката за поскапувањето на електричната енергија и да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто.
Протестот започна во 18 часот и тргна од „Чаирчанка“ и заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и Собранието.
Четврта недела по ред граѓаните поради покачувањето на цената на електричната енергија за 7,5 отсто.Два протести досега одржа и ВМРО-ДПМНЕ. Тие денеска блокираа улици во Скопје.