15 Мај, 2024
0.0293

ДА СЕ ПРОСТАТ ЛИ ОД ТЕШКО ПЕЧАЛЕНИТЕ ПАРИ - Фактор дознава: Големите штедачи од Еуростандард ќе си повратат само 25 отсто од заштедите

Објавено во: Економија 28 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Дали штедачите кои имаа поголеми влогови од 30 илјади евра во Еуростандард банка ќе останат, условно речено, со куси ракави?

Фактор дојде до екслузивна информација од еден од 780-те штедачи кои имаат над 30 илјади евра заробени заштеди во банката, кој бара да остане анонимен.

Имено, на штедачите им била дадена информација дека од заштедите кои ги чувале во Еуростандард банка, а кои тие ги побаруваат од стечајната маса, ќе можат да си добијат назад максимум една четвртина од нивните пари. Или прецизно речено, 24,5 проценти. Таква информација штедачите добиле од Стечајниот управник Душко Тодевски, преку Иницијативниот одбор за заштита на интересите на штедачите со над 30 илјади евра.

Овде се работи за сумата на штедните влогови кои се над 30 илјади евра, бидејќи до 30 илјади евра штедачите веќе си ги наплатија, или имаат право да си ги наплатат преку Фондот за осигурување на депозити.

Или, еве конкретен пример. Ако некој штедач во Еуростандард банка имал вложено износ од 130 илјади евра, 30 илјади евра ги зел од Фондот за осигурување на депозити. За останатите 100 илјади евра кои ги побарува од стечајната маса, штедачот во овој случај ќе може да очекува дека ќе земе само 24.500 евра.

Оваа информации штедачите, односно нивниот Иницијативен одбор, ги добиле преклу стечајниот управник Душко Тодевски, на состанокот кој го имале во четвртокот минатата недела, и на кој присуствувале околу 80 штедачи. Ова следувало откако тие имале средба и со тим на Народна банка.

Според сознанијата на Фактор, на состанокот со претставниците на НБРМ, кој бил доста интензивен, штедачите ја прозвале оваа институција. Штедачите, односно нивните претставници, како што кажале од Иницијативниот одбор, добиле декларативно уверување од НБМ дека ќе се заложат за решавање на нивниот проблем, кој реално не го очекувале.

На состанокот, пак, со стечајниот управник, кој траел околу два часа и бил, според штедачите, доста конструктивен, стечајниот управник Душко Тодевски реално им ја кажал ситуацијата во која се наоѓаат, и дополнително им ја објаснил целата постапка која следи.

Она што за штедачите е битно, е уверувањето кое го добиле од стечајниот управник, дека ќе имаат член во Одборот на доверители, за што се очекува повратна информација.

Но, она што е интересно, е состојбата која штедачите ја добиле од стечајниот управник, за тоа колку кредити и кон кои групи ги имала Еуростандард банка, но и за тоа колку од нив се наплатливи, а колку не се наплатливи. Како што посочил и стечајниот управник, бројките не се конечни, и може да има мали отстапки.

Според овие бројки, банката имала дадено вкупни кредити од 101 милиони евра, од кои 25,2 милиони евра биле дадени кон граѓани, односно физички лица. Од овие кредити, најголемиот дел или 22,5 милиони евра се наплатливи, што значи дека може да се вратат и да влезат во стечајната маса, а само 2,7 милиони евра се ненаплатливи.

Додека, пак, 75,7 милиони евра се кредити кои банката им ги дала на фирми, односно на правни лица. Е сега, тука излегува главниот проблем. Од овие 75,7 милиони евра, само 20,8 милиони евра се наплатливи, додека, пак, дури 54,9 милиони евра се ненаплатливи.

Банката располагала и со извесна сума на кеш до денот на затворањето.

На штедачите не им се јасни неколку работи. Прво, како банката си дозволила да има толку голема сума, дури 55 милиони евра ненаплатливи кредити од фирмите.

„Кои се тие компании на кои им биле давани толку големи суми, и зошто и како сега тие пари не можат да се наплатат. Јавноста треба да ги знае овие компании“, реагира за Фактор овој штедач.

Другото прашање што си го поставуваат дел од штедачите е како овие 55 милиони евра кредити од фирмите уште од старт се прогласуваат за ненаплатливи.

„Зошто однапред се креваат раце од овие пари. Дали тие компании дале под залог имот или некои движни предмети, кои сега би можеле да се продадат и да се наплатат парите“, прашуваат штедачите.

Тие стравуваат да не се случи целата постапка да се разводени и да не можат да дојдат барем до дел од нивните тешко спечалени пари кои со години ги заработувале, и ги штеделе во Еуростандард банка.

А како што е познато, сопственикот на Еуростандард банка во стечај, Трифун Костовски, во неколку наврати има изјавено дека доколку стечајната постапка се одвива брзо, нема да остане необештетен штедач за ниту еден денар, бидејќи, како што нагласи, има доволно пари во стечајната маса. 

Останува во следниот период овие прашања да ги расчисти стечајниот управник Душко Тодевски.

Како што веќе пишуваше Фактор, во Еуростандард банка имало и влогови до 700 илјади евра, односно големи суми, од кои штедачите преку Фондот зедоа по 30 илјади евра. 

Обештетувањето тече добро, и за првите пет дена колку што досега тече обештетувањето, на штедачите им се исплатени дури 60 отсто од парите кои беа предвидени да се реализираат преку Фондот за осигурување на депозити. Или прецизно, ако преку Фондот треба да се исплатат вкупно 68,2 милиони евра, за првите пет дена кај штедачите во вид на обештетување завршиле близу 41 милиони евра.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот