СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА НЕМАЛО, АМА ИМАЛО 700 ИЛЈАДИ - еве колку тежеле најголемите влогови во пропаднатата Еуростандард банка
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2020
Штедачите од Еуростандард банка дефинитивно решија да си ги подигнат парите што им следуваат како обештетување преку Фондот за осигурување депозити.
Според сознанијата на Фактор од Фондот, за само пет дена колку што досега тече обештетувањето, на штедачите им се исплатени дури 60 отсто од парите кои беа предвидени да се реализираат преку Фондот за осигурување на депозити.
Или прецизно, ако преку Фондот треба да се исплатат вкупно 68,2 милиони евра, досега кај штедачите во вид на обештетување завршиле близу 41 милиони евра.
Ако се има предвид дека обештетувањето како процес е предвидено преку банките да трае дури три години, а и потоа да продолжи преку Фондот за осигурување депозити, фактот што само за пет дена се исплатени повеќе од половина од средствта, говори дека штедачите не сакаа долго да чекаат, и решија што побргу да си ги земат парите од Фондот. Односно оние 30 илјади евра кои законски им ги гарантираше државата, додека сето она што некои го имаат над таа сума, ќе треба да го очекуваат од стечајната маса.
А според првиот човек на Фондот, Борче Хаџиев, обештетувањето сега се одвива без проблеми.
„Граѓаните го прифатија барањето на банките дека треба да извадат полномоштво кај онаа банка преку која што ќе се реализира обесштетувањето. Така што, тие ја исполнуваат таа обврска и си ги подигнуваат средствата преку банките“, објаснува Хаџиев.
Тој вели дека Фондот не може да има влијание врз овој процес, односно тоа е барање од банките до штедачите, кое зависи од нивната деловна политика, а на што пак, тие се обврзани поради Законот за платен промет и контролите што ги имаат од централната банка.
Полномоштво ќе мора за своите блиски да обезбедат и оние штедачи кои се во странство. Според Фондот, тоа штедачите најверјатно треба да го регулираат во странската држава во која во моментов живеат.
„Во секој случај, првичните проблеми се надминаа, па сега обештетувањето тече во најдобар ред“, вели Хаџиев.
А како што Фактор веќе пишуваше, дури половината од штедните влогови во банката се депозити до 1.000 денари. Тоа се штедачи кои имале трансакциски сметки или преку Еуростандард банка ја земале својата пензија, па им останале некои ситни пари на нивните сметки. Има и такви кои на сметките имаат само по 5 денари, и всушност тоа прави да има огромен број на штедачи, над 136 илјади, а и тоа го намалува просекот на штедните влогови да биде околу 500 евра.
Како што е познато, откако пропадна Еуростандард банка, се проширија информации дека постоел штедач кој во банката штедел 7 милиони евра. Таа информација дефинитивно не е точна, велат за Фактор извори од Фондот кои бараат да останат анонимни. Според нашите информации, оние 780 штедачи кои имаат над 30 илјади евра, всушност имаат вкупно штедни влогови од 25 милиони евра.
Фактор се интересираше колкав бил најголемиот штеден влог во Еуростандард банка. Нашите сознанија говорат дека имало штедачи и со по 700 илјади евра, 600 илјади евра, како и по 500 илјади евра.
„Овде не станува збор за штедачи кои биле членови на Управниот и на Надзорниот одбор или членови на нивното семејство од прв степен, или за штедачи со повластени каматни стапки, или, пак, за штедачи чии штедни влогови се поврзани со перење пари. Од таа категорија на штедачи можеби имало и такви со повисоки суми, но ние за нив немаме податоци, бидејќи тие не се обештетуваат преку Фондот за осигурување депозити, и ние нив ги немаме на списоците“, велат наши извори од Фондот.
Додека, пак, сите штедачи за кои беше утврдено дека ги исполнуваат условите, односно не влегуваат во некоја од претходниве групи, сите тие се на листата за обештетување преку Фондот, без разлика дали имаат до или над 30 илјади евра. Односно, колку и да чувал пари штедачот во банката, дали 30 или 500 илјади евра, тој од Фондот добива 30 илјади евра, а остатокот ќе ги побарува од стечајната маса.
Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка, пак, неодамна соопшти дека одржале состаноци со сите пратенички групи во Собранието, на кои побарале итно да се донесе закон со кој државата би ги презела побарувањата на физичките и на правни лица депоненти во банката и во целост би ги обештетила, а потоа самата држава би ги наплатила од стечајната маса.
Во еден капиталистички систем тоа е тешко да се очекува.
За тоа, пак, колку пари можат да очекуваат штедачите, но и другите доверители, ќе се знае попрецизно на 8 октомври, за кога е закажано првото рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања.
„Со него комуницирав, но остана недоречен. Не можам да кажам ништо ниту, позитивно ниту пак добро, но дека тој учествувал во овој заговор не сум сигурен и не можам да тврдам со ништо“, објасни Костовски.
Нина Нинеска-Фиданоска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.