Дачиќ: Заминувањето на Харадинај во Хаг се претвори во политичка фарса
Објавено во: Балкан 25 Јули, 2019
Заминувањето на
Рамуш Харадинај во Хаг, на сослушувањето пред Канцеларијата на специјалното
обвинителство, како осомничен, се претвори во политичка фарса, бидејќи беше
јасно дека тој ќе оди за неколку часа и дека нема да биде задржан, изјави
српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, пренесува Блиц.
Дачиќ рекол и дека Харадинај не морал да поднесува оставка како премиер, бидејќи немал намера да се повлече од политиката, што потврдува, како што наведува, закажаната седница на владата во технички мандат.
Дачиќ вели дека никој не знае колку Специјалниот суд во Хаг е далеку од првите обвиненија, бидејќи Србија нема увид во она што се случува во предистражните и истражните постапки.
„ Останува да се види дали ќе бидат покренати нови обвиненија против Харадинај и другите приштински лидери. Ние не сме оптимисти“, изјави Дачиќ.
Тој наведува дека Белград ќе соработува со судот и ќе ги проследи сите докази што ги поседува.