27 Април, 2024
0.0270

Дали администрацијата „доброволно“ ќе присуствува на неделниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ?

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ во недела (16. октомври) организира собир во спортскиот центар Борис Трајковски каде свое обраќање ќе има претседателот на партијата, Никола Груевски. Во социјалните медиуми веќе кружат фотографии од пораки, во кои им се наложува на административците задолжително да присуствуваат на неделниот настан.

„Се прават списоци во училишта, се ангажираат наставници и професори, им се наложува задолжително да присуствуваат на митингот во недела“, вели граѓанка од мало гратче во Источна Македонија, која инсистира на својата анонимност, исплашена за својата безбедност и работна иднина, пренесе ЦИВИЛ.

„Ќе се потпишуваат на список при влез во автобус, а потоа, кога ќе стигнат во салата’Борис Трајковски’, на списокот ќе треба да стават потпис, како потврда за нивното присуство. Кажано им е дека не смеат да отсуствуваат. На луѓето, иако се партиски членови, веќе им е здодеано да се јавуваат на сите митинзи, па наместо доброволно, од нив да се бара задолжително присуство“, вели граѓански новинар.

Александар Кирацовски, дополнителен заменски министер во МИОА, денеска предупреди дека такви списоци веќе се прават и дека се врши голем притисок на администрацијата за присуство на неделниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ. 

- Список во кој има околу 2 илјади граѓани, на кои раководители и шефови – кадри на ВМРО-ДПМНЕ, имале намера да им ѕвонат и да бараат од нив да излезат на протести и контра протести и на избори како нивни сигурни гласачи. Тука има конкретни имиња, презимиња, адреси, избирачки места, телефонски броеви на луѓето. Но тука ги има и податоците на оние кои ги правеле овие списоци и се обидувале да влијаат, изјави денеска Кирацовски.

Партиските притисоци продолжуваат врз вработените во институциите, иако опозицијата предупредува постојано за оваа практика. Сите реформи кои ги договорија политичарите, треба да значат стопирање на досегашната практика на примена на политички мобинг врз вработените.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“