29 Март, 2017
0.7119
    29NO 300    -80%     ADIN 639    -8.71%     ALK 5704.29    0.07%     BESK 12000.42    7.15%     CEVI 867.37    0.27%     GRNT 678.78    -0.22%     KJUBI 1601    -2.97%     KMB 2800    -0.03%     MPT 27402    -0.36%     OHB 4916.67    0.34%     PKB 13299    12.7%     RMDEN15 96.4    1.47%     STB 898.33    0.5%     TNB 10900    0%     TPLF 893    -0.78%

Дали едно интервју за косовски медиум може да го „испере“ Груевски пред Албанците?

Објавено во: Колумни 22 Јануари, 2017

Неделата која ни претстои ќе биде пресудна дали мандатот кој Груевски го доби ќе биде искористен и со постигнување на договор со ДУИ ќе се формира влада или пак преговорите ќе пропаднат со што ќе не очекува нова неизвесност на политичката сцена. 

Во деновите кои изминаа се водеше нова тактика со која Груевски се обиде да докаже пред албанската јавност во Македонија дека не е нивни непријател, особено со мега интервјуто за косовски „Газета Експрес“ што повторно како прокси медиум служеше за испраќање на пораки кон домашните гласачи. 

Груевски е свесен дека мора да ги „омекне“ тврдите кадри во ДУИ кои се против нова коалиција со ВМРО-ДПМНЕ што доаѓа како последица од намалениот број на гласови на последните избори, а една од причините е долгото седење во власта и практично премолчување на одредени политики, како на пример проектот Скопје 2014 кој Албанците воопшто не го одобрија оценувајќи го како моноетнички. 

Исто така големи забелешки има и за економските политики кои не носат еднаков економски раст, особено во средините каде живее албанско население, малиот број на нови работни места, зависноста од партиски благослов за вработување во државна администрација со дополнителен услов и за истото да се даде парична компензација, како и неразумните буџетски трошења кои не им носат бенефити на Албанците. Токму во интервјуто за Газета Експрес Груевски посочува дека владините мерки за нови вработувања се однесуваат на сите граѓани и дека нема никаква дискриминација кај приватните или странските компании, особено во индустриските зони.

„Нема конкретни бројки за тоа колку точни Албанци се вработени. Ние работиме за да им обезбедиме вработување на луѓето, но не знам кој се сѐ вработува бидејќи вработуваат приватните компании, а ние иако им помагаме и  ги охрабруваме да инвестираат во нашата земја, потоа не влијаеме на критериумите по кои вработуваат. Ние не можеме да им речеме вработете Македонци, а не Албанци, или обратно. Но, се разбира, ако отворат  фабрика во Кичево, Албанците ќе имаат корист, ако се отвори  фабрика во Тетово, поголемиот дел од вработените ќе бидат Албанци“, вели Груевски кој смета дека бил премиер на сите.

За лошата перцепција која Албанците ја имаат за Груевски екс премиерот ги обвинува медиумите, особено тие што се финансиски помогнати од СОРОС како и од невладините организации кои работат само за да го уцрнат неговиот имиџ, помагајќи ја и реториката на опозицијата која ги креирала прислушуваните нелегални телефонски разговори. Според Груевски, решение гледа во поголемо негово присуство во албански медиуми за тој директно да им ги пренесе пораките, а тие самите ќе го разберат.

Секако, со едно интервју Груевски нема преку ноќ да прерасне во омилен политичар кај Албанците, неговиот рејтинг меѓу нив е очајно слаб, а тоа го покажуваа и бројни анкети направени пред изборите. Ова може да послужи како привремена амортизација, особено за меѓукоалициските односи со ДУИ и да му помогне на Ахмети полесно да ја протне идејата за нова коалиција со ВМРО-ДПМНЕ која и натаму е тешко остварлива ако се земе во предвид кочницата наречена двојазичност, а од ново време и продолжување на мандатот на СЈО. 

Во секој случај реториката во ова интервју е драстично омекнување на говорите кои беа држени во текот на кампањата каде многу лесно се користеа термини кои ги посочуваа Албанците од дијаспората и наводно тие од криминалното подземје како директни соучесници на Заев во планот земјата да биде федерализирана со продавање на националните интереси што дополнително ги мотивираше албанските гласачи да не го прифатат ВМРО-ДПМНЕ како можен партнер во нова владина коалиција. 

Дали овој напор на Груевски да се докаже пред Албанците во Македонија е доволен ?

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Парламентот - театар на апсурдот

Парламентот - театар на апсурдот

„Народните херои“ под санкции

„Народните херои“ под санкции

Хихирику

Хихирику

Како до ефикасни договорни односи на земјоделското стопанство

Како до ефикасни договорни односи на земјоделското стопанство

Кризата во Македонија е вештачка, ама...

Кризата во Македонија е вештачка, ама...

Среќа во вреќа

Среќа во вреќа

Лидерот ја игра последната партија покер со народот

Лидерот ја игра последната партија покер со народот

Менаџирање на договорните односи во земјоделското стопанство

Менаџирање на договорните односи во земјоделското стопанство