12 Мај, 2024
0.1536

Дали граѓаните почнаа да набавуваат дрва за огрев?

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Дел од граѓаните веќе почнале да набавуваат дрва за огрев за претстојната грејна сезона. Ова го потврдуваат од ЈП„Национални шуми“. Сепак како што наведуваат, во следниот период, побарувачката на дрва за огрев ќе се интензивира.

„Граѓаните веќе почнаа да склучуваат договори за набавка на огревно дрво за претстојната сезона. Иако побарувачка има во текот на целата година, генерално граѓаните со поголемата побарувачка започнуваат кон крајот на август и тоа следи во месецот септември и октомври. Најбарани се дрвните видови, даб и бука. Во просек се нарачуваат од 6 до 8 просторни метри огревно дрво“, велат од „Национални шуми“ и додаваат дека ценовникот е објавен на нивната веб страница.

Граѓаните велат дека е добро навреме да си обезбедат огревни дрва, без разлика дали на тој начин ќе заштедат или не.

„Татко ми во април или мај купува дрва. Така е поевтино, дрвата ќе отстојат и така е подобро. Во куќите се трошат повеќе дрва за разлика од становите“, вели Гордана Николовска, граѓанка.

Луѓето набавуваат дрва во согласност со своите потреби.

„Купивме 5-6 кубни метри дрва, а дали ќе биде доволно зависи каква ќе биде зимата. Мене повеќе ми се допаѓа греењето на дрва, затоа што домот е потопол. Струјата е скапа  и сега пак ќе поскапе“, рече Магдалена Трајковска, граѓанка.

Оваа пролет имавме посвежо време од вообичаено и граѓаните велат дека има температурни осцилации.

„Купивме 7 кубици дрва, а дали ќе биде доволно не се знае. Видовме оваа пролет колку долго палевме оган. Исто е, не е поевтино според мене, дали порано или подоцна ќе се набават дрваата, но да си обезбедиме навреме“, кажа Снежана Зафировска, граѓанка.

Шумарските инженери советуваат дека е најдобро граѓаните да си купат дрва во мај или јуни, за да можат тие да се исушат и да бидат спремни за есенските и зимските месеци.

Како што објави Државниот завод за статистика, во 2019 година, 49.2  отсто од домаќинствата користеле огревното дрво за загревање на домот, а потоа следи згревањето со електричната енергија со 31.3 отсто. Поради енергетската криза, лани имаше голема побарувачка за дрва за огрев. Статистички, најголем дел од домаќинставата на село користат дрва. Владата лани презема мерки со тоа што ги огранични цените на огревното дрво. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката