Дали ќе има притвор за Груевски, Јанкулоска и Јанакиески судот ќе каже утре
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2017
Во денешното соопштение судот не одговори на барањата на СЈО за случајот „Титаник“.
Тоа значи дека денеска јавноста нема да слушне одлука дали на екс премиерот и екс министрите ќе биде одреден притвор како што бара Специјалното јавно обвинителство.
„Во однос на вториот предлог кој до судот беше доставен на 30.06.2017 година, откако одлуките ќе бидат писмено изработени и доставени до странките, јавноста ќе биде известена во текот на утрешниот ден“, соопшти судот.
Судот останува да се произнесе за уште 5 барања за определување притвор, во случајот „Титаник“, меѓу кои и за врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска.
Имено, притворот се одбива и за екс директорот на УБК Сашо Мијалков и екс началникот на Петтата управа Горан Грујевски.