14 Мај, 2024
0.0293

ДАЛИ НЕКОЈ ПЛАТИ ЗА ФОРБС ДА ФАЛИ: Фалби за економијата и Груевски, критики за опозицијата

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Повторно пофални зборови за Македонија на насловните страници на светските медиуми.

Откако пред неколку дена објави интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, сега магазинот Форбс објави репортажа за Македонија.

Акцентот пред се во репортажата е ставен на бизнис климата и на економските реформи кои Македонија ги направила за да се искачи на листата во топ 10 земји на Дуинг бизнис а посебно забележително е опишувањето на Форбс во однос на екс премиерот Никола Груевски за кој пишува дека е прагматичен прозападен лидер кој ќе победи на наредните избори.

„Ќе победиме на претстојните избори. Политичката криза и наштети на економијата, но и покрај тоа успеавме да задржиме позитивна насока во индустрискиот раст и во економијата во целина. Водиме разговори со нови инвеститори кои ги паузираа или откажаа своите одлуки поради политичката криза. Сега сите, и домашните и странските фактори, сакаат кризата да заврши, и таа ќе заврши во декември, вели Груевски за „Форбс“.

Списанието оценува дека Македонија успеала да привлече капитални инвеститори, како мексиканскиот милијардер Карлос Слим, кој преку Телеком Австрија Груп учествувал во окрупнувањето на македонскиот телекомуникациски пазар. Репортажата на „Форбс“ е илустрирана токму со фотографија на Груевски и Слим пред Владата на Република Македонија. „Форбс“ ги наведува и бројните инвестиции во индустрискиот сектор, вклучително и од американски производители на автомобилски делови, и сето тоа го припишува на поволната бизнис клима.

Форбс правејќи споредба на бизнис предностите на Македонија и „јужниот сосед“ Грција, за која вели дека е рекордно задолжена држава, пишува дека во текот на изминатата деценија Македонија стана поповолна за бизнис од која било од БРИКС земјите и оти сме надминале половина од западно-европските држави.

Критики за опозицијата

Во репортажата се оценува дека политичката криза која отпочна во 2015 година била слична на повеќе други политички пореметувања, како настаните во Бразил и Украина, кои им нанесоа огромна економска штета на државите во кои се случија, доведоа до губење на илјадници работни места и уништија политички кариери.

– Опозициските партии се обидуваа да ги искористат овие политички кризи, а тоа го направија и македонските социјал-демократи, СДСМ, кои ги одложуваа изборите во обид да купат време и да си го подобрат рејтингот. Но, изненадувачки, македонската економија остана позитивна и се очекува да се зголеми за 2,2 проценти во текот на оваа година, а веќе порасна за 7 проценти во последните две години, и покрај тоа што државата беше преплавена и со милион бегалци кои поминуваа на пат кон Австрија, Германија, Шведска и другите западно-европски дестинации, додава Форбс.

Дали можеби некој плати за оваа репортажа во светскиот магазин?

Неодамна во медиумите се појавија информации според кои Груевски плаќал големи суми за да се среќава со американски политичари, интервјуа, репортажи, колумни...

Македонскиот јавен сервис на РСЕ објавуви извештаи од американските компании што ВМРО-ДПМНЕ ги има ангажирано и од нив може да се види платените американски компании што сработеле во шестмесечниот период за владејачката партија од Македонија. 

Извештаите се објавени во Американската државна агенција за регистрација за странски соработници во Министерството за правда.

Оттука се поставува прашањето дали можеби и оваа репортажа е дел од агендата на платени написи за Македонија?

РЕАЛНОСТА ВЕЛИ ДРУГО: Колку е навистина лесно во Македонија да се води бизнис?

Извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис“ го отвори прашањето колку бизнисмените им е лесно водењето бизнис? Во извештајот Македонија е раангирања на 10-то место во светот во однос на леснотијата за водење бизнис и е најдобра од земјите во регионот. Дел од економистите посочуваат дека  условите за водење бизнис се само на хартија, но реланост не е таква. Според Павле Гацов од Здружението на даночни експерти, недостасуват многу работи за да може да се каже навистина во Македонија е лесно да води бизнис, оти тоа што се посочува во извештајот слабо се спроведува на терен.Според Гацов пред треба да се има во предвид деловното опкружување во кое работат фирмите односно патната и железничката инфраструктура, системи за наводнување, квалитетна работна сила.

Светска банка – Признанието е добро, но прашање е дали е доволно

Првиот човек на Светска банка за Македонија Марко Мантованели, во интервју за телевизијaта Алсат – М изјави дека е добро што Македонија доби вакво признание, но треба да се постави прашањето дали е тоа доволно.

„ Дали деловното опкружување се сведува само на леснотијата со која што се отвора бизнис или може да добиете струја, тоа се важни елементи да, но постои елементот на политичката клима, атрактивноста на севкупната економија, макро-економијата и фискалната економија.Сите тие се фактори кои што инвеститорите ги земаат предвид и покрај ранг листата на Дуинг бизнис“, вели Мантовнели.

Дали ниските даноци се единствените давачки?

Македонија е на 4-то место според времето потребно за отворање на бизнис, 11-та е според критериумот добивање градежни дозволи, 29-та според пристапот до енергија, а според регистрацијата на сопственоста 48-ма, 16-ти сме за пристап до кредит, 13 според заштитата на малцинските инвеститори, 9 –ти по критериумот плаќање даноци, 27-ми според условите за прекугранична трговија, 36-ти според исполнувањето на договорите, а според справувањето со неликвидноста Македонија е на 32-рата позиција. Ниските даноци Владата ги истакна како клучни за олсенување на бизнисот. Но што е со останатите давачки со кои се соочуваат бизнисмените?

„Генерално тој што не води бизнис мисли дека сме земја со најниски даноци, но тие што имаат бизнис знаат дека има скриени давачки што не се викаат двачки односно тоа се парафискални даноци кои се со високи износи. Во Македонијаа ако треба да ги наброиме само регулаторните тела ќе ни треба еден поголем список, за сите нив се плаќа по нешто.Понатаму разни форми на општински, концесиони давачки и друго“, вели Гацов.

За власта „Дуинг бизнис“ е признание за реформите

Според Владата извештајот на „Дуинг бизнис“ е признание за спроведените реформи, кои како што најави владиниот тим ќе продолжат и во иднина.

„Благодарение на континуираните реформи и настојувања за постојано подобрување, денес во Македонија се стопанисува побрзо и поевтино во однос на пред десет години или во однос на сегашните процедури во земјите од Европа, централна Азија и ОЕЦД. Така денес во Македонија се плаќа три пати пониска ефективна даночна стапка, три пати побрзо се увезува и извезува стока при што извозот е удвоен и намален е трговскиот дефицит, полесно се пристапува до кредити и многу побргу се решаваат стечајните постапки“, изјави министерот за финансии Кирил Миноски.

Според вицепремиерот Владимир Пешевски, овој извештај е објективен и политички независен.

„Извештајот „Дуинг бизнис“ е најреномиран светски економски извештај и има големо внимание кај светските мултинационални компании. Бизнис климата која ја создадовме ни дава можност за привлекување нови познати компании да инвестираат во земјава, да отвораат нови работни места, да продуцираат нови производи и да го зголемуваат извозот, а со тоа да се подигне и стандардот на граѓаните и економскиот раст на земјата“, изјави Пешевски.

СДСМ- „Дуинг бизнис“ го мери напредокот на легислативата, а не реалните економски показатели

Од опозицискиот СДСМ, велат дека во извештајот се анализираат само нормативните рамки на земјата, односно дека  „Дуинг бизнис“ го мери напредокот на легислативата, а не реалните економски показатели.

„Македонските компании се потиснати во однос на странските. Тоа е очигледно и видливо кога ќе ги видите кои се поволностите што ги имаат странските инвеститори, а ги немаат домашните. Потребна поголема поддршка за малите и средни претпријатија за разлика од сега и во однос на субвенциите на странските компании.Кога немате поволности, не можете да бидете конкурентни. Македонските компании мора да плаќаат придонеси, да плаќаат даноци, од што странците се ослободени. На странските компании повеќе им се исплати да увезуваат производи наместо да ги набавуваат од нашите компании, кои само испорачуваат храна и превоз кон нив. Од друга страна Светска банка пред некое време исто така имаше еден извештај којшто се однесуваше на Македонија. Таму, ако не го гледаме пошироко, ќе видиме дека имаше многу критики пред се на намалувањето на приватните инвестиции и лоши перспективи за наредните години околу растот и развојот“, изјави дополнителниот зменик-министер за финансии од редовите на СДСМ, Кире Наумов.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри