04 Мај, 2024
0.0252

Дали ова лето ќе јадеме поскапо овошје?

Објавено во: Економија, Агробизнис 09 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Деновиве температурите ќе се спуштат под нулата, со што дел од овошните дрвца може да измрзнат, а со тоа се зголемуваат шансите летово да плаќаме поскапо за овошјето.

Агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР вели дека  можно е ова лето да се зголемат цените на овошјето, ако дојде до уништување на родот од мразеви, но и не мора да значи. Тој објаснува дека ниски температури под нулата ќе има во одредени краеви во земјава, како што е Берово. Таму дел од сливите сега имаат вегетација, а дел од сортите цутат подоцна.  Смета дека студеното време најмногу ќе ги погоди кајсиите и праските. Во Повардарието овошните дрвца веќе цутат. Тие можат да издржат температури од -1 или -1.2 степени.

„Можно е да има штети кај овошките, но тие ќе бидат минимални, нема да биде тоа катастрофално. Ќе има намалување на родот. Но, зависи и од експозицијата на дрвцата. Оние кои се на северната страна ќе биде оштетени, а оние на јужната страна или во централниот дел на овоштарникот ќе бидат позаштитетни.  И од снегот кој падна на 22 и 23 март очекуваме дека ќе има штети. Сепак ова лето ќе имаме да јадеме и кајсии, и праски, и цреши, и овошјето може да биде поскапо, но и не мора да значи, затоа што ако на едно дрво имаме 20 ситни кајсии и 14 крупни кајсии, тоа е квантитативно исто“, рече Ангелески.

Според негова проценка, нема да настрадаат јаболката во Ресен и Преспа. Истото го потврдуваат и сопствениците на овоштарници во овој регион. 

„Јаболката во овој крај уште не цутат, и очекуваме тоа да се случи за десетина дена. Дали ќе имаме штети не знаеме, останува да видиме какво ќе биде времето“, вели Ерол Крутовски, овоштар од Ресен. 

Овоштарите можат да преземат мерки за да ги спасат дрвцата од измрзнување, со наводнување или со затоплување.

„Со задимување може да се заштитат дрвцата така што температурата ќе се зголеми за еден степен. Со вештачко наводнување исто така може да се помогне, со вештачки дожд, може да се заштитат овошките дрвца, но тоа ретко кој го практикува. Тоа може да се направи во двор, не зборувам за овоштарници“, вели Ангелески.

Ланската година на 2-3 април исто така имавме мразеви. Студен бран во април ја зафати Македонија, но и Балканот.

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски