04 Мај, 2024
0.0254

Дали текстилниот и чевларскиот сектор се подготвени за повисок минималец?

Објавено во: Економија 08 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Oд месецов работниците во земјава ќе треба да добиваат повисок минималец, и се очекува дека исплаќањето нема да биде проблем во текстилниот и кожарскиот сектор.

На сметките на работниците ќе треба да легнат околу 500 денари плус.  Растот на минималната плата е поради усогласувањето на платите  со просечната плата, трошоците на живот и една третина од порастот на бруто домашниот производ за ланската година.

Лидија Милановска од Здружението на чевлари вели дека ова е стандардно покачување на платите, и нема да биде проблем да им се исплаќа на работниците. Додава дека ова покачување требало да се случи во пролет, но поради пандемијата малку се одложи.

„Покачувањето не претставува проблем, но до крајот на годината се надеваме дека нема да има ново зголемување на минималната плата, додека не стивне пандемијата на коронавирусот. Ако остане на она што го ветуваат партиите сега пред избори, мислам дека нема да има проблеми, а за понатаму, за следната година дополнително ќе се разгледува како ќе течат работите“, вели Милановска.

Кристина Ампева од Здружението Гласен текстилец од Штип објаснува дека станува збор за корекција на платите, и дека не се работи за некое големо покачување на примањата на работниците. Но, вели дека газдите секогаш ќе сакаат да го заобиколат законот доколку можат.

„За газдите беше проблем и кога се покачи минималецот на 12.000 денари. Тие секогаш ќе сакаат да дадат помалку. Затоа Управата за јавни приходи треба да внимава и доколку има исплата под минималната да го известат Трудовиот инспекторат да постапи“, рече Ампева.

Вообичаено текстилниот и кожарскиот сектор се на дното на листата кога ќе се објават податоци за просечни плати по сектори.

Минималната плата од јули месец се зголемува на 14.934 денари во нето износ. Од месецов има раст на минималната плата, а според пресметките во бруто износ таа е 21.776 денари.

Претходно, минималната плата беше утврдена на 14.507 денари нето кога практично и беше зголемена за 2.000 денари.  Во 2017 година минималната плата плата скокна за 3.500 денари и до декември 2019 година изнесуваше 12.507 денари. Ова зголемување од 2.000 денари за трудоинтензивните дејности беше оптоварување. 

Во кампањата, претседателот на СДСМ, Зоран Заев вети зголемување на минималната плата на 20.000 денари, доколку ја добие довербата од граѓаните.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?