02 Мај, 2024
0.0258

Данела Арсовска за Фактор: Поддршка за приватниот сектор, за да не се бориме за опстанок

Објавено во: Економија 29 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Данела Арсовска е претседател на Сојузот на стопански комори и меѓу жените најголеми претставници на домашното претприемништво и активизам на меѓународен план. Таа е креатор на многу сугестии кои се преточиле во конкретни економски мерки. Вели дека најголема желба и е таа што ја имаат сите - крај на епидемијата. 

„Во новата година верувам дека сите споделуваат универзална и многу значајна желба и на приватен и на деловен план, за крај на епидемијата која го измести нормалниот тек на животот и предизвика негативни последици во секој поглед. Лично посакувам добро здравје за сите во овие тешки времиња, но и надминување на предизвиците за деловните субјекти, зачувување на работните места и подобрување на состојбите во економијата воопшто, што во вакви состојби единствено е можно со силна институционална поддршка за приватниот сектор кој е продуктивниот сегмент на македонската економија.

Здравствено економската криза се прелева во новата година со надеж дека до крај на првиот квартал ќе се надмине, но за економското опоравување ќе биде потребно подолго време. Најголемите предизвици со кои приватниот сектор се соочуваше во изминатата година, се несигурноста и нестабилноста на условите за работа, како и нарушената ликвидност. Затоа во новата година, институциите потребно е да креираат системски решенија за нивна финансиска и нефинансиска поддршка, да им се овозможи да ја надминат кризата. Единствено на тој начин ќе постои мотивација за насочување кон генерирање инвестиции кои ќе придонесат за економски раст и развој, а не единствено на борба за опстанок.

Сојузот на стопански комори е гласот на економијата, кој во новата година ќе продолжи да ги застапува потребите за изнаоѓање решенија за предизвиците со кои се соочува приватниот сектор и да придонесува со предлог економски мерки базирани на факти, со цел да се изгради подобро деловно окружување, во коe секој ќе има еднаква шанса за успех и напредок. Посветено ќе делуваме на секој кој легално работи на националниот пазар, да му бидат овозможени фер услови диктирани од самиот пазар, ослободен од влијанија и базиран на принципите на слободна конкурентност и еднаков третман. Ќе се залагаме за воспоставување на систем на владеење на правото, законите да важат подеднакво за сите, да се применуваат неселективно и да се сузбие корупцијата на национално ниво. Ќе продолжиме со силните заложби институциите да се посветат на сериозно сузбивање на сивата економија која е во експанзија. На овој начин дополнително ќе им се помогне на претприемачите кои се борат за опстанок на пазарот во услови на тешка криза, а едновремено се соочени со притисоци од инспекции и преобемна регулатива која и покрај тоа што чесно и совесно работат, им го отежнува просперитетот бидејќи се борат со скоро 40 отсто нелојална сива економија на националниот пазар, вели Арсовска за Фактор.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?