05 Мај, 2024
0.0255

Даневски од затвор: Додека плаќав гориво, „алфи“ дојдоа и ми рекоа дека ми го нема пасошот

Објавено во: Економија 03 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

- Ги помагав и ВМРО и СДСМ, ама тоа не вроди со плод. Јас добив лично предупредување во 2009 година на 19 јануари. Како претседател на Агро-бизнис комората бев повикан од Владата да бидам присутен на состанокот во Киев каде што тогаш беше тогашниот премиер и министрите. Таму на една средба ми рекоа дека најдобро е брат ми да се повлече од кандидатурата (за градоначалник) затоа што ние како фирма која што е врзана со државата може да настрадаме, вели поранешниот сопственик на Агрокомбинатот „Џумајлија“ Зоран Даневски, ексклузивно за емисијата Стадион на Канал 77 од затворот во Штип/

Тој таму издржува 11 годишна казна затвор,а за емисијата викендов сведочеше како ја загубил фирмата. Даневски вели дека настрадал во политичка игра на тогашната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, во 2010 година. На пат за за Србија, каде што барал деловен партнер, на бензинската станица во Куманово додека ја плаќал сметката за гориво петорица „алфи“ му пришле и му рекле дека автомобилот му е обиен „од некого“ и дека му го нема пасошот. Веднаш потоа во полициска станица му земале отпечатоци, мостра за ДНК-анализа, а му ги снимале и зениците. Иако немал пасош, како што вели тој, бил пренесен со помош на одредени лица во Бугарија, каде што се сокрил затоа што стравувал за својот живот. 

„Добив лично предупредување и рекоа најдобро е брат ти да ја повлече кандидатурата. Пресудно беше инаетењето на брат ми и тоа што не прифатив за ништо пари да ја предадам фирмата. Политичката игра ја гледам во одлуката на брат ми, кој беше пратеник во Парламентот, кога реши да се кандидира за градоначалник како независен кандидат против ВМРО ДПМНЕ, иако како пратеник, беше во коалиција со оваа партија. Откако ги изгуби изборите, работите тргнаа во негативна насока.  Пред тоа фирмата функционираше како треба и на никого не му пречеше тоа и што имаше над 1000 вработени. Нормално, како и секоја фирма и нашата имаше кредити, но откако и’ ја земаа лиценцата фирмата падна на колена, а главниот извор на средства беа виното и земјоделските производи. Успееја да ја растурат фамилијата, да ја растурат фирмата и се’ друго“ вели Зоран Даневски.

Тој додава дека „Џумајлија“ е негов личен проект а идејата за моделот му била од САД. Пекарницата на агрокомбинатот продавала леб кој бил нарекуван „социјален“ затоа што цената му била пониска од онаа на конкуренцијата. Тој вели дека до тогаш никој не се мешал во работата на „Џумајлија“, па дури ниту неговиот брат. Додава дека ако сакал да биде нечесен, можел како што вели тој, да продаде дел од бизнисот и парите да ги пресели во странство. 

- Од имот сега имам само здравје и семејна куќа, која и таа сакаат да ми ја уништат, односно да ми ја земат Обвинителството и Врховниот суд на чело со Вангеловски. Ми останаа две прекрасни деца кои се во странство, каде што отидоа да бараат егзистенција, додека јас сум веќе над четири години во затвор, одговара Даневски на прашањето колкав имот поседува во моментов.

Малцинскиот акционер Трајче Георгиев истакна дека браќата Даневски го добиле конбинатот исчистен од долгови, но, едниот како пратеник, другиот како директор на Ветеринарната управа, биле опиени од моќта и мислеле дека никој ништо не им може, па од незнаење и недомаќнско работење ја уништиле компанијата.

Со „Џумајлија“ е врзана и приказната за пропадната инвестиција на индискиот милијардер Субрата Рој, кој на нивите на „Џумајлија“ требаше да одгледува храна за илјадниците крави што ги најави во Овчеполието.

– Договорт беше склучен во почетокот на 2013 година со време на закупнина од 15 години, а за површината од 5.353 хектари годшната закупнина била утврдена на 121.000 евра. Откако за две години немаше никаква инвестиција и земјата остана необработена, договорот се раскина, а гаранцијата од три милиони евра ја исплатија – рече инистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски во разговор со водителот на емисијата, Столе Наумов.

Во емисијата се вклучи и некогашниот директор на Агенцијата за приватизација, Мирољуб Шукарев, кој истакна дека никаде во светот не постои идеален модел на приватизација.  Според Шукаров, земјоделските комбинати беа изземени од приватизацијата, вклучувајќи ги и стратешките кпацитети, како ЕВН.

Моментално, немаме економија и таа полека ќе се пушта.Корона кризата покажа дека парите не повеќе се целна функција. Квалитетот на живот, мерен преку некоја друга призма, ќе треба да има некои други параметри, вели Мирољуб Шукаров.

Според активистот Здравко Савески, кризата е ново делење на правата, а изборот не е да се вратиме на старото, на 10-ти март. Или ќе се оди напред или ќе биде многу лошо вели тој.

– Македонија, како и речиси сите поранешни социјалистички земји, доживеа криминална приватизација. Но, тогаш имаше поддршка од државните органи, но премолчано и од работниците. Од страв за работните места, премногу лесно преминаа преку тоа и останаа со прстот во уста. Сега треба да се внимава да не се случи нешто слично и при очекувата криза предизвикана од коронавирусот – истакна професорот Здравко Савески.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години