08 Мај, 2024
0.0258

Данок ќе плаќаат трговците во Несебар за секој сувенир

Објавено во: Стил 07 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Несебар стана првата општина во Бугарија, која воведе т.н данок „сувенир".

Таа е за сите трговци кои продаваат сувенири со слики од знаменитостите во Несебар - магнети, керамика или маици. Таксата за артиклите со елементи од стариот град и е 20 центи за сувенир. Основа за наметнување е Законот за културното наследство и овој правилник, која ги одредува условите за репродукција на културни вредности, реплики и предмети за трговија. Трговците добиваат холографски налепници за сувенирите кои ги продаваат. Многу од нив сепак посочија дека за да стават такви на експонатите, ќе треба да помине многу време. Секој поединечно ќе треба да одлучи дали да ги поскапе сувенирите или да преземе дополнителни трошоци на своја сметка.