28 Април, 2024
0.0290

Дардишта и другите се враќаат на работа во Комунална хигиена - Скопје?

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека десетици отпуштени во Комунална хигиена - Скопје, меѓу кои и на таканаречениот фамилијарен клан Дардишта, се враќаат на работа откако Државниот инспекторат за труд донел одлука во нивна полза.

„Ве известуваме дека од страна на Државниот инспекторат за труд по поднесената преставка од вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје на кои им беа дадени откази, со обезбедена бесплатна правна помош од СУТКОЗ и ССМ, донесена е Инспекциска мерка со која Менаџментот на ЈП Комунална хигиена Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор.

Соработката помеѓу ССМ и ДИТ воспоставена на највисоко ниво, дава резултати во интерес на работниците и ССМ ја поздравува брзата реакција на инспекторатот“, објави ССМ.

Група вработени на почетокот на јули не го собираа сметот низ Скопје во знак на револт кон раководството на Комунална Хигиена, бидејќи без никаква причина на десетици нивни колеги не им се продолжени договорите. Меѓу отпуштените од работа, беше и претседателот на Синдикатот на Комунална хигиена, Дели Дардишта. Од Град Скопје и директорката Косана Мазнева беше кажано дека само една група одбивала да работи и со уцени и закони ги попречувале д

Од ССМ очекуваат фрмрдлс Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена Скопје на седницата која ќе се одржи денеска да постапи согласно инспекциската мерка и поднесените приговори од работниците, односно да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати на работните места.

„СУТКОЗ и ССМ изминатиот период укажуваа дека раководството на Комумална хигиена Скопје треба да го почитува законот и колективните договори и дека постапките кои се преземаат се ништо друго туку реваншизам кон работниците за нивната синдикална борба. ССМ апелира на дијалог помеѓу СУТКОЗ и раководството на Комунална хигиена Скопје“, дополни синдикалната организација.

Градоначалничката Данела Арсовска во своето излегување пред јавноста рече дека мафијашки структури го контролираат претпријатието и дека цели фамилии се вработени во претпријатието. 

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?