03 Мај, 2024
0.0283

ДАРКО ИЛИ ЖИВКО: Кој го предводи синдикатот?

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Новото решение донесено од сегашниот министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими според кое Живко Митревски е легитимен претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, е незаконско, тврди поранешната министерка за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски. Таа посочува дека новодонесеното решение и сите активности на Митревски преземени по започнувањето на постапката во Основното јавно обвинителство се незаконски и претставуваат чин на самовластие и непочитување на законот и институциите. Инаку првично додека Ременски беше министрка, донесе решение за разрешување на Митревски поставување на Дарко Димовски за в.д. претседател на ССМ, откако за тоа гласаа претставници на синдикатите на седницата на Советот на синдикати. Но по одржувањето на изборите, кога за министер дојде Ибрахими, тој го поништи решението што го донесе Ременски. Митревски пак обвини дека Ремески сторила кривично дело и го донесла решението врз основа на фалсификат документи.

„Овие обвинувања уште еднаш го покажуваат непочитувањето на процедурите, законите и институциите од страна на Митревски, кој во имагинарната битка со мене, заборава на неговата улога, па си дозволува наместо надлежни институции да утврдува и прогласува фалсификати, да оценува законитост на донесени решенија, да се грижи за архивското работење на МТСП и слично, за што сведочи и слепото повикување на некакво ново-донесено решение со кое наводно се потврдува неговиот легитимитет.Пред ОЈО по негово барање и врз основа на одземена документација од Централниот регистер и од МТСП од средината на ноември се води јавнообвинителска постапка за предметот ССМ. Во своето постапување Ибрахим Ибрахими требал да знае дека, носењето на ново решение врз основа на недоодветна и новодоставена документација која не е релевантна за претходната постапка на МТСП и претходно донесеното решение, е правно неосновано. Дополнително што целокупната документација врз основа на која е донесено решението е во ОЈО, а тој донел решение без увид во истата“, вели Ременски.

Од министерството за труд и социјална политика пак велат дека решението на Ременски е незаконско.  

„При разгледувањето на барањето за поништување на претходното решение МТСП ја разгледуваше доставената и во тој момент достапна документација од која што произлезе дека при донесувањето на претходното решение не е запазена законската процедура, постапката не е спроведена согласно со Законот и дека за истото решение веќе е поведена кривична пријава до Основното јавно обвинителство. Исто така, утврдено е дека сите донесени акти и решението не биле доставени до овластеното лице во Министерството да направи промена во Регистарот на синдикати и од тие причини во Регистарот како овластен преставник е запишан Живко Митревски.Министерството има право и должност секогаш кога ќе утврди дека некое решение содржи неправилности, а особено кога е поведена постапака пред надлежен суд или обвинителстово, односнo кога постои вондредна ситуација, истото да го укине или поништи“, велат од министерството.

Инаку по речиси два месеци од одржувањето на седницата на Советот на ССМ, дури вчера министерството им го достави на четирите гранкови синдикати решението според кое Митревски останува претседател на ССМ. Претставниците од четирите гранкови синдикати кои бараат почитување на одлуката на Советот на ССМ, според која Митревски е разрешен, велат дека ќе го обжалат решението пре Управниот суд.

„Решението е потпишано од министерот Ибрахими, ама нема архивски број, не е заведено во архивата, што ја прави постапката сомнителна. Содржината на целото решение се всушност ставовите на Митревски. Дека има поддршка од 13 синдикати, дека не сме плаќале чланарина што не е неточно, ја имаме преплатено чланарината. Ние нема да застанеме тука, и новото решение ќе го обжалиме пред Управниот суд“, вели Дарко Димовски кој од Советот на ССМ беше избран за в.д. претседател на ССМ.

Случувањата во ССМ се лош сигнал за синдикалното движење

Митревски во 2008 година е избран за претседател на ССМ на ист начин како сега Димовски. Случувањата во ССМ  се лош сигнал за членството а  работниците ќе ја изгубат довербата во ССМ, изјави за Фактор неодамна  поранешниот претседател на ССМ, Ванчо Муратовски.Тој смета дека целата ситуација е политички мотивирана со цел да се заштити Живко Митревски како човек на ВМРО ДПМНЕ.

„Ако Митревски имал поддршка од 13 синдикати сигурно немало да се случи тоа што се случило на Советот, на кој е разрешен од претседател.Ионака ништо не покажа во овие 6 години на владеење, оти тоа не беше претседателствување туку владеење со сила и со бодигардови. Подобро е да си оди оти сигурно во иднина ќе има реперкусии и по него како личност и по неговото останување на слобода, бидејќи според она што го тврди в.д избраниот претседател и останатите очигледно е дека има некакви криминалии таму.Според нивните тврдења сигурно е дека можеби и заради тоа толку грчевито се бори да остане да во меѓувреме ги спаси во наводници тие компромитирачки материјали и да не отиде таму каде што заслужува да оди. Од друга страна  28 луѓе односно мнозинството гласале за смена на досегашниот претседател Митревски и тоа не се реализира, иако има решение на поранешната министерка Ременски, што јасно покажува дека власта не сака нивниот човек да биде сменет од позицијата“, изјави Муратовски.

Според Митревски четирите гранкови синдикати направиле  фалсификат и сакаат да направат насилна промена на претседателот на ССМ во соработка со поранешната министерка Фросина Ременски. Тој вели дека тие се нелегитмни синдикати. 

„Дефинитивно е потврден фалсификатот на 4 претсавници на гранковите синдикати кои изработиле фалс исправа надвор од законот,  надвор од Статут на ССМ, спротивно на деловникот за работа на Советот на ССМ без постапка, без одржана седница на Совет без покани. И се тоа во обид насилно да извршат насилна промена на легитимно избраниот претседател на ССМ во содејство со техничката министерка Ременска при тоа извршувајќи повеќе кривични дела. 13 грански синдикати потврдија дека не учествувале во работа на Советот која наводно се одржала за промена на претседател на ССМ и потврдија дека никогаш немало таква постапка“, вели Митревски.

Од синдикатот на УПОЗ кој се дел од четирите синдикати контра Митревски велат дека тој постојано манипулира со начинот на кој се гласа изборот на нов претседател.

„Новото решение издадено дека Живко Митревски е легитемен претседател се заснова на барање на Митревски во кое вели 13 грански синдикати му даваат поддршка, но тоа не е ништо и тоа не е документ.Статутот вели, претседателот на ССМ го бираат делегатите на Конгресот , а меѓу Конгрес Советот како највисок орган може да го отповика претседателот на ССМ. Значи на седницата од 13 ноември Митревски е отповикан од членовите на Советот.Значи ние како претседатели на синдикати не гласаме гласаат нашите претставници кои може да ги застапуваат нашите интереси,нашите идеи,но можат да гласаат и по сопствено обедување. Значи Митревски ја доведува во заблуда целокупната јавност дека има поддршка од 13 гранкови синдикати, тој со тоа може само да се слика, но жалам што министерството му ги прифати тие аргументи, тоа е кривично дело и некој во министерството треба да сноси одговорност“, вели Пеце Грујовски, претсдател на синдикатот на УПОЗ.

Грујовски вели дека очекува разрешница но доколку профункционира правната држава, и оти за нив единствено валидно решение е тоа на Ременски.

„Ако не профункционира правната држава ќе имаме тензии, ќе одиме по судови, и некој ќе си ја постигне целта да го уништи и она мало синдикално движење што постоеше. За мене од правен аспект валидно е решението издадено од поранешната министерка за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски. Митревски дојде за претседател на ист начин како сега Димовски, но ние немавме поддршка од власта, а Митревски дојде со помош од власта, со фалсификуван заклучок кој е регистриран во Централниот регистар наместо со решение.Митревски нешто штити, ние сме свесни дека има огромен криминал во неговото работење и имаме одредени докази, кои доколку влеземе ќе ги поткрепиме затоа вака очајнички се бори.Во јавноста веќе се поставува прашањето толку ли е интересна синдикалната фотелја?Синдикалната фотелја е жешка за оној кој сака совесно да работи и да ги штити интересите на работниците, кога ќе бидат незадоволни да организира протести .Но за луѓе од типот на Митревски синдикалната фотелја е интересна оти има можност да прави малверзации, а да биде заштитен од надлежните и оттаму произлегува неговата сила“, вели Грујовски.

Од четирите гранкови синдикати велат дека добиле поддршка од  Европската синдикална конфедерација и европските секторски синдикални асоцијации, кои изразиле загриженост за состојбата во ССМ и предложиле следниот месец да дојдат во земјава заедно со претставници од Меѓународната синдикална конфеерација, да помогнат во решавањето на проблемот.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија