15 Мај, 2024
0.0257

ДДВ ќе се плаќа седум дена по поднесување на пријавата

Објавено во: Економија 27 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Ќе биде дозволено одложено плаќање на ДДВ, седум дена по поднесување на ДДВ пријавата, без камата. Ова рече денеска премиерот Зоран Заев се прави за да се олеснат финансиските обврски на компаниите.

Во периодот на имплементација на четвртиот пакет ќе се активира и мерката државна кредитна гаранција. Еве и друг дел од усвоените мерки од четвртипт пакет антикризни мерки

Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра финансиски средства за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик. Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.

Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг се поддржува извозот и увозот и се олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка на Северна Македонија.

Како уште една мерка за олеснување на работењето на компаниите е дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината.

Во овој пакет се продолжува мерката за намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% до крајот на годината.

„Една од мерките која наиде на одобрување и ја прифатија многу компании беше и мерката - Одложување на плаќање на аконтација на данокот на добивка. Заради тоа ја вклучивме и во овој сет мерки и таа предвидува одложување на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании кои имаат пад на приходи поголем од 40, проценти, рече Заев.

Се продолжува и мерката за ослободување на ДДВ за донации од јавен карактер, за уште 12 месеци.  Една од новите мерки е - Намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци, со која овие услуги ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10 отсто наместо сегашната редовна стапка од 18 проценти.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?