27 Април, 2024
0.0257

Демографската криза: За 2 децении ќе се соочиме со страшни проблеми!

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Следниве три дена на Конференција во Скопје ќе се прави ревизија Стратегијата за демографски развој 2008-2015. Целта е да се увидат постигнатите резултати, како и она што треба да се измени за да се постигне подобрување на демографската слика во земјата.

„Во 2012 година во речиси 30 македонски општини има повеќе починати лица од новороденчиња. Имаме и големи општини во Македонија со изразито негативен прираст односно со две починати лица на едно новороденче - Битола, Карпош, Охрид, Берово Валандово, Вевчани, Велес, Вранешница, Гевгелија, Градско, Делчево, Кратово, Македонски Брод, Пробиштип.Заради тоа треба да се преземат нови мерки и иницијативи за справување со демографските предизвици и да понудиме решенија за надминување на демографската криза“, истакна заменик министерот за труд и социјална полтика Ибрахим Ибрахими. Според Ибрахими, ако се направи проекција за наредните 20 години, ќе се соочиме со страшна слика за демографските трендови во земјата. Зато се надева дека со помош на меѓународни експерти и носење на новата ревидирана стратегија ќе има конкретни резултати и ќе се сменат бројките во Македонија.

Доина Болога, директор на УНФПА за Македонија се согласува со ставот на заменик-министерот Ибрахими, дека се потребни дополнителни сеопфатни мерки, покрај оние што веќе се применуваат.

Демографската слика е многу значајна за севкупниот општествен и економски развој на една земја, и поради тоа треба да се обрне големо внимание на надминување на негативните трендови, посочи Болога.

На конференцијата во организација на Министерството за труд и социјална политика во соработка со канцеларијата на Фондот за население во Македонија (УНФПА) учествуваат претставници од државните институции, граѓански здруженија, меѓународни организации.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра