13 Мај, 2024
0.0228

Денеска е празникот на лозарите и виното – Св. Трифун

Објавено во: Агробизнис 14 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Со закројување на лозовите насади во неколку градови и места низ Македонија денеска се одбележува празникот Св.Трифун, заштитник на лозарите и виното. Гостин годинава е хрватскиот министер за земјоделство  Тихомир Јаковина, кој заедно со неговиот македонски колега, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по повод Денот на лозарите ќе присуствуваат на традиционалното закројување лозови насади на винаријата „Визба Валандово“-Валандово и на винаријата „Тиквеш“-локалитет Лепово. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, пак, ќе присуствува на свеченото закројување лози во Неготино. Македонскиот извоз на вино на странските пазари се зголемува. Според последните податоци на Министерството за земјоделство, во 2013 е регистриран најголем извоз на вино до сега – 885. 331 хектолитри во вредност од 50 милиони евра. Ако се спореди просек за периодот од 2007 до 2012, лани извозот е за 48 % поголем според количина и 24 % според вредност. Анализите на ресорното министерство покажуваат дека извозот на вино во ЕУ е зголемен за 45 %, а просечната цена е зголемена за 10 евра по хектолитар во споредба со лани.