07 Мај, 2024
0.0232

Денеска е „црниот” петок 13-ти

Објавено во: Стил 13 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Според нумеролозите бројот  13 „страда" поради неговата позиција после 12.

Има 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите тарот 13-та е картата на смртта.

Петок 13-ти, наречен уште „црн петок", од памтивек досега продолжува да предизвикува кај многу луѓе нејасно чувство на страв. Истражувачите се уште ги бараат корените на суеверието за „црниот петок".

Постојат неколку хипотези: На тајната вечера присуствувале 13 луѓе - Исус и 12-те апостоли. И до ден денес кај многу народи постои правило 13 лица да не седнуваат заедно на маса. Предавникот Јуда дошол последен, тринаесетти. Други сметаат дека Исус Христос е распнат токму во петок. Според други лошата слика на петок 13 се должи на древен скандинавски мит. Психолозите докажале дека луѓето кои се сметаат за несреќни, е поверојатно да веруваат во суеверија поврзани со лошата среќа. Една четвртина од испитаниците го поврзуваат бројот 13 со лошата среќа. Токму оваа група луѓе е најверојатно да бидат вознемирени во денови како петок, 13-ти.