03 Мај, 2024
0.0283

Десет непотребни трошоци кои го намалуваат домашниот буџет

Објавено во: Економија, Стил 08 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Над 50 посто од потрошувачите, според истражување на американски анучници, признале дека непланирано купување им создава привремено чуство на среќа.

Тоа го знаат и маркетинг експертите, кои ги искористуваат социјалните фактори кои влијаат на однесувањето на потрошувачите при купување, како и нивните навики на импулзивно „пеглање“ на картичката.

Освен што постојат „опасни“ купувања кои ги зголемуваат ризиците од финансиските потешкотии, како игри на среќа и коцкање, разни непотребни естетски зафати и луксузни предмети кои не се сложуваат со нашите куќни пресметки, дури и поефтини артикли на намалени цени може да не излажат во проценката.

Cheat Sheet донесува десет работи кои најчесто ги купуваме, а со чие избегнување можеме значајно да заштедиме во нашиот домашен буџет.

1. Грицки и пијалоци

Избегнување на редовно купување на грицки и пијалоци во самопослуги и „по патни“ маркети може да го здебели вашиот паричник. Подобро земете си од она што ќе го најдете дома , кога во моментот на глад за слатко не би посегнале по најблискиот маркет.

2.Производи за нега

Палетата производи кои служат за разубавување веројатно е бесконечна, но обидете се да се фокусирате на она што стварно ви треба. Колку разни сенки или производи имате дома кои не сте ги употребиле со месеци, но сте ги купиле бидејќи „солта за бањање“ ви изгледала убава во моментот на купување. Исто така, проучете каде се акциите и каде цените се поповолни бидејќи многу специјализирани продавници „набијат“ високи цени на поедини артикли, а секогаш истиот производ ќе го најдете некаде двојно поефтино.

3. Нова облека

Не само што облеката е од  'second hand' продавници, таа е подобра за вашиот буџет, а тоа е така подобро и за околината поради што се работи за своевидна рециклажа на матаеријал. Освен тоа, луѓето често ја продаваат својата облека на такви продавниц во совршена состојба, бидејќи забележале дека ја носеле само еднаш, па така им седела во плакар.

4. Преценети хотели

Проучете ја однапред понудата на хотели ако одите некаде на патување, и не мора да ја прифатите токму првата понуда на некоја агенција. Постојат сигурно солидни сместувања по поволна цена во градот кој го посетувате. Искоритете ги и форумите и апликациите кои ви ги нудат можни сместувања и рецензија на поранешни посетители.

5. Филмови, книги и медиуми

Добро е да се поддржуваат авторите на своите најдраги колеги или музички албуми, но не е потребно да ги имате сите во ваша сопственост. Поради тоа зачленете се во локална библиотека во која за многу поволна членарина книгите може да ги позајмувате цела година, а на интернет има премногу начини како да читате онлајн изданија на најомилените магазини,или се информирате за новостите.

6. Aпликации

На Гугал плеј се понудиден околу 1,5 милиони апликации, и ако на многумина им изгледаат примамливи, размислете за тоа колку навистина ви требаат. Ако ви се појави потреба за некоја, сигурно е дека меѓу толку апликации постои и добра бесплатна замена.

7. Најнова технологија

Дојде до вистинска р„тепачка“ за најновите мобилни на познати произведувачи, па често се случува новите производи да ги купуваме поради трендот, а не затоа што нашиот „стар“ уред не е повеќе исправен. Овде може да заштедите и повеќе илјади денари, со оглед на денешните цени на технолошките новости.

8. Иако кај Американците е популарно да се тежнее кон „кабелска“телевизија како извор на бројни програми, и кај нас постојат одредени пакети. Размислете колку всушност ги употребувате , и дали ви требаат баш сите тие стотина. Подоро изберете некоја поволна или откажете се од нив ако и онака повеќе време поминувате на интернет, а не седите пред телевизор.

9.Членарина во теретана

Иако и после Нова година си ветивте дека во теретана ќе одите три пати неделно, можеби до тоа не се држевте, зарем не? Ако знаете дека временски ви е тешко да ги усогласите редовните заминувања во теретана, а плаќате неколку илјади,ова е добар начин за заштеда. Додека не е баш студено, патиштата не се замрзнати, секогаш можете да трчате на кеј или некаде во природа да најдете прикладно место за вежбање. Така можеби ќе ви биде позгодно отколку да бидете опкружени со триесетина други луѓе кои се докажуваат на тешки справи.

10. Кредит за автомобил

Иако е убаво да се вози луксузен автомобил по град или на работа, веројатно не е толку убаво да се отплаќа во следните  10 години по скапи камати. Ако автомобиот ви е потребен, секогаш може да се прилагодите и да го купите оној кој во моментот им одговара на вашите пригоди, но по поволни услови, а и понатаму да служи. За луксузнo возење чекајте зголемување на платата и стабилен домашен буџет.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија