26 Април, 2024
0.0262

ДЕСЕТТО ИЗДАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА „СОФИЈА“

Од 23 август до 3 септември во Богданци, десетта година по ред ќе се одржи единствената графичка работилница на Балканот

Објавено во: Мои пари 22 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Во наредните десет дена Богданци по десетти јубилеен пат ќе биде центар на графиката и на уметноста во Македонија. Од 23-ти август до 3-ти септември, традиционално по десетти пат ќе се одржи меѓународната графичка работилница „Софија“, единствена од ваков тип во Македонија и на Балканот. Станува збор за еден од најпрестижните настани од ваков тип, кој започна скромно во 2008 година, но во меѓувреме прерасна во регионален културен бренд.

„Навистина сме горди што десет години по ред ја организираме графичката работилница, чија основна цел е на младите и талентирани автори да им се овозможи размена на искуства и можност за создавање графички дела во сите техники. Ова е особено важно, со оглед на тоа што графиката како техника, заради условите во кои се работи, е помалку застапена, не само во Македонија туку во целиот регион. Се надеваме дека на овој начин барем малку придонесуваме за промоција на уметноста и културата во нашата земја“, велат од Здружението на граѓани „Графичка работилница „Софија“ Богданци“, кое е организатор на работилницата.

На годинешната главна сесија ќе учествуваат 15 уметници (графичари) од Македонија и од странство, селектирани од државните ликовни академии во Скопје, Нови Сад, Ниш, Загреб, Сараево, Софија, а за првпат оваа година ќе има двајца учесници од академијата во Варшава, Полска. Ментор на работилницата ќе биде Тони Васиќ, универзитетски професор и истакнат графичар од Македонија.

Завршната изложба ќе се одржи на 2-ри септември во галерискиот простор на Печатница „Софија“ во Богданци. Во нарединиот период се планирани повеќе изложби во градови низ Македонија и регионот.

Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година. До сега низ неа продефилираа околу 160 графичари од целиот регион. Улогата на ментори ја имаа истакнати графичари и универзитетски професори од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

На Фејсбук страницата https://www.facebook.com/graphicartsofijaсекојдневно ќе се објавуваат информации и фотографии за текот на Графичката работилница.

Организатор:

Здружение на граѓани „Графичка работилница „Софија“ Богданци“

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет