Дете ги натера политичарите да укинат една необична забрана
Објавено во: Свет 07 Декември, 2018
Дете на возраст од 9 години од градот Севернас, во американската сојузна држава Колорадо, успеа да го „омекне“ градскиот совет и тој укина речиси стогодишна забрана за мавање со снежни топки.
Дејн Бест објасни дека им се обратил на градските власти за да ги убеди да го сменат законот.
Детето вели дека ќе даде сè од себе да не скрши некој прозорец.
Речиси стогодишната забрана за фрлање камења или проектили, која се однесувала и на снежни топки во градот од 4.000 жители, е застарена и значи дека секое дете што фрла снежна топка го крши законот.
„Децата на Северанс само сакаат да имаат право да се маваат со снежни топки како и сите други деца во светот“, рече Дејн.
Неговите аргументи беа убедливи, па Градскиот совет едногласно ја укина забраната. По гласањето, градоначалникот му понудил на Дејн тој да ја фрли првата снежна топка.