04 Мај, 2024
0.0581

ДИК не сака да му плати на „Дуна“ за веб сајтот кој падна на денот на изборите

Објавено во: Економија 26 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Државната изборна комисија не сака навремено да се раздолжи со компјутерската фирма „Дуна“ која што за околу 17.000 евра го доби тендерот за набавка на софтвер за веб сајтот, кој вечерта на 15 јули падна додека целата јавност беше пред екраните , очекувајќи ги првичните резултати од гласањето. Менито за покажување на прелиминарните резултати неколку дена беше „мртво“ додека ИТ-експертите долго време се обидуваа да го подигнат.

ДИК до сега со околу три милиони евра веќе ги исплати сите членови на избирачките одбори, телевизиите за пренесувањето на кампањата, печатниците и маркетинг-агенцијата, но на „Дуна“ не сака да му ги префрли парите се додека, како што велат од таму, не се утврди официјално дали операторот сноси вина за падот на интернет страницата.

- Уште истата вечер беше повикано МВР и останатите надлежни служби и од таму беа испраќани екипи и следните денови. Сега ние го чекаме официјалниот извештај од истрагата за да видиме дали тука има пропуст или не од страна на операторот. Според тоа, ние ќе утврдиме дали треба да се плати услугата или не, велат неофицијално од ДИК.

Поседното соопштение од МВР е дека истрагата за овој случај продолжува во насока на утврдување на ИП адресите од каде што е пристигнат нападот, собирање на дополнителни информации за утврдување на нарачателот на овој напад како и утврдување дали имало други причини кои влијаеле или се поврзани со неможноста на објавувањето на прелиминарните резултати.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика достави известување до Основно Јавно Обвинителство – Скопје, а во текот на истрагата беа обезбедени податоци и логови за функционирањето на системот и делови од системот за поддршка на изборниот процес во Државната изборна комисија кои беа обезбедени од повеќе институции и компании кои беа вклучени во изборниот процес.

Од првичната анализата на податоците се констатираше дека при крајот на изборниот процес, а особено во текот на објавувањето на прелиминарните резултати бил регистриран DDoS напад кој што бил насочен на страната и кој влијаел на оневозможувањето на публикувањето на прелиминарните резултати.

Податоците од „Дуна“, според МВР,  извадени од серверите, првично покажале дека не е утвредено нефункционирање на системите или застој во процесот на безбедносната афтентикација на корисниците за прием и внес на резултатите од изборните комисии.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски