11 Мај, 2024
0.0285

Дилемите расчистени, Жерновски победник, ВМРО ДПМНЕ честиташе!

Објавено во: Македонија 21 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Жерновски и дефинитивно е новиот градоначалник на Центар. Пред малку на прес конференција Илија Димовски, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО - ДПМНЕ им ја честиташе победата во Центар на СДСМ. Кандидатот за градоначалник на Центар од „Сојузот за иднината“ Андреј Жерновски претходно прогласи победа на изборите по денешното прегласување на 29 од вкупно 66 гласачки места. „Сојузот за иднината“ објави дека според пребројани над 90 проценти од гласачките ливчиња, Жерновски има предност од над 2.500 гласови пред досегашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ. Според ДИК, во овој момент Жерновски има предност од околу 2000 гласови, но сè уште не се пребројани гласовите од 7 избирачки места. Ова значи дека победата на Жерновски е уште позразена отколку во вториот круг кога разликата беше околу 1000 гласови. После 13 години, власта во општината Центар се промени, а во градоначалничката фотелја, сега ќе седне човек од опозицијата. За време на изборната кампања ВМРО ДПМНЕ и СДСМ водеа жестока битка за Центар, но сепак на крајот жителите на оваа општина беа тие кои пресекоа и одлучија да му го одземат мандатот на досегашниот градоначалник од редовите на властаВладимир Тодоровиќ, и таа улога да му ја доделат на Андреј Жерновски од ЛДП и Здружената опозицијата. Ваквиот пресврт според граѓаните беше очекуван. Како што Фактор веќе анализираше за голем дел од жителите на Центар две работи биле клучни за нивната одлука на кого да го дадат својот глас, проектот “Скопје 2014” и зонското паркирање.

Можеби ќе ве интересира

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа