08 Мај, 2024
0.0270

Димитриевски тврди го нападнале полицајци во цивилка, МВР му поднесе пријава

Објавено во: Македонија 06 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Пратеникот Максим Димитриевски од редовите на СДСМ денеска повторно пред медиумите изјави дека бил нападнат од група на алкохолизирани гости во кафаната во која имал семејна прослава и побара професионалците од МВР да ги идентификуваат напаѓачите.

- Добивам информации дека напаѓачите се од редовите на МВР, а би сакал да ги повикам вистинските професионалци во МВР да го расветлат случајот. Дали надлежните служби ги идентификувале и им направиле алкотест на тие лица? На нападот му предходеа класични провокации на политичка основа. Се сомневам дека лицата се од Куманово но во интерес на истрагата не би коментирал повеќе од тоа - изјави Максим Димитриевски.

СВР Куманово соопшти дека против лицето М.Д. ќе биде поднесена пријава за физички напад врз М.А. исто така од Куманово на кој му удрил тупаници во лицето и му скршил два заба. Инцидентот го пријавил вработен во ресторанот, а подоцна и таткото на момчето. 

- Полициските службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот и констатирале дека оштетениот со своите пријатели бил гостин во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна, но по кратко време кога музиката престанала, истиот се упатил кон оркестарот за да праша зошто запреле, и му се приближило лицето М.Д кој исто така бил на семејна прослава, и во присуство на повеќе гости го удрил во пределот на лицето два пати со што му нанел телесни повреди. При преземање на потребните мерки и активности обезбедени се лица сведоци кои биле присутни за време на настанот кои го потврдуваат истиот, стои во дневниот билтен на кумановската полиција.

Од ВМРО-ДПМНЕ го осудија инцидентот во кој учествувал пратеникот Димитриевски посочувајќи го како насилник. 

„Насилникот Димитриевски, без никаков повод и причина се дрзнал со тупаници да нападне и да се пресмета со 23 годишно момче само заради тоа што не му се допаднала македонската песна која што била нарачана. Насилството на криминалците и предавниците од СДС мора да биде санкционирано“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, пак застана во одбрана на Димитриевски бидејќи е недозволиво да биде нападнат пратеник.

„Насилството врз легитимно избрани претставници од граѓаните е израз на немоќ на засегантите од демократските промени што носат правда за сите во Македонија“, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава