28 Април, 2024
0.0261

ДИРЕКТОР ОД СОНИШТАТА: Ги направил работниците милионери, од благодарност

Објавено во: Стил 30 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Хамди Улукај е еден до најблагодарните шефови на светот.

Тој стои зад империјата на грчкиот јогурт „Chobani“, која лани продаде стока во вредност од 1,6 милијарди долари. Компанијата, според некои проценки, вреди од 3 до 5 милијарди долари. Како би им вратил на своите работници за целиот труд и вложување, 2000 од нив со полно работно време добиле вкупно 10 одсто од сопственичките акции.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/hamdiulukaya/status/724985499371360256?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Тоа значи дека просечната награда за работниците е околу 150 000 долари, но ако се продаде компанијата, или излезе на берзата, вредноста на наградата би можела да достигне и милион, проценува Њујорк Тајмс.

-Работевме заедно, а сега сме партнери во работата-изјавил Улукај, кој како турски мигрант дошол во САД во 2005 година и со пет вработени основал фирма која сега вреди милијарди.

Инаку, тој го потпишал заветот како Бафет и Гејтс, според кој после смртта, половина од богатството од 1,82 милијарди долари ќе ја дарува во хуманитарни цели.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти