26 Април, 2024
0.0285

Добивката од 1.629.424 денари и ја подари на сопругата за 8-ми март

Објавено во: Мои пари 09 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Играч од струмичко Босилево стана милионер  на 7ми март. Во Спортлајф Трејд во 17: 10 го освои  33 МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна Видеолотарија на РМ. Добивката е вредна 1.629.424 денари. Целата добивка и ја подари на сопругата во чест на празникот на жената.

Државна Видеолотарија во семејството милионери  во месец март, додава уште двајца среќни играчи. Едниот од Прилеп, а другиот од село Босилево.


Ратка Котева е среќна и сакана сопруга. Нејзиниот сопруг, кој е 33тиот милионер на ДВЛМ  е романтичен играч кој радоста  од добивката не само што ја подели со својата партнерка, тука целата добивка и ја подари за 8ми март. Двајцата во друштво на близок пријател пристигнаа во просториите на ДВЛМ, точно на 8март, сеуште збунети од среќниот момент, па со нас ја споделија својата убава животна приказна. Романтичниот сопруг е редовен играч на видеолотариските терминали. Досега имал по некоја помала добивка. На оваа особено и се радуваше, токму поради фактот што ќе биде убаво изненадување за неговата сопруга, токму на денот на жените. Фантастичната добивка, најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, сега во износ од 1.629.424 денари, освоена е во Спортлајф Трејд во село Василево, близу Струмица на 07.03.17 во 17:10.

Пред една недела, во Прилеп играчот Д.Д. ја освои добивката МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вредна 1.775. 691 денари. Добивката е освоена на видеолотариските терминали на ДВЛМ во Спортлаиф Трејд во Прилеп на 01.03.2017.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 33 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 49.197.081 денари. Покрај нив, освоени се и 4454 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 33.380.401 денари.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет