02 Мај, 2024
0.0297

Добро e да живееш во САД…барем кога се работи за цената на бензинот

Објавено во: Анализа 12 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што многумина не веруваат дека најлошото за САД поминало, нејзините граѓани засега уживаат во една бенефиција во која многу малку развиени па и неразвиени земји немаат можност да уживаат. А тоа е ефтиното гориво. Цената на бензинот благодарение на зголеменото производство на рафинериите во изминатиот период постојано паѓа. Пред некое време веќе пишувавме во Фактор, дека со откривањето на нови наоѓалишта на нафта или поточно речено со овозможувањето да се буши на претходно забренети места ќе дојде до значително зголемување на производството на нафта во земјата, што ќе влијае многу благопријатно на намалување на дефицитот. А намалување на дефицитот бара буквално секој. Епа и покрај тоа што сеуште нема некое преголемо ново наоѓалиште нафта во САД се произведува се повеќе,а малопродажните цени се намалуваат. Погледнете го движењето на малопродажните цени. Сивата зона е големата рецесија, време кога цените беа супер ниски . Сепак со опоравувањето се трошеше се повеќе и повеќе, но во последно време цената на горивата почна да се намалува. Па така денеска цената е 3,5 долари за еден галон. Е сега да пресметаме во литри 1 галон има 3,7 литри. Или грубо кажано еден литар е еден долар.Што би рекло 47 долари. Не е лошо за земја со стандард на САД. Редакција Фактор