ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?
Објавено во: Македонија 20 Април, 2024
Додека Македонија го чека турското МНР да даде зелено светло за екстрадиција на Љупчо Палевски, официјална Анкара бара испорака на 5 припадници на ФЕТО или тн ,ѓуленисти”, дознава телевизија 24.
Барањето за испорака на ѓуленистите е пристигнато во Скопје веќе некое време, но дали е услов за екстрадиција на Палевски, првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, засега молк и од турското МНР и од македонското Министерство за правда. Според правилата во Турција, за екстрадиција на Палевски, потпис мора да стави шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, а потоа и министерот за правда.