02 Мај, 2024
0.0244

Докажано: Пластиката предизвикува рак на црниот дроб

Објавено во: Стил 03 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Супстанцата бисфенол е една од главните состојки на пластична амбалажа и за која се покажа дека предизвикува рак на црниот дроб.

Тоа го утврдија научниците од Универзитетот во Мичиген.

Бисфенол А е една од главните компоненти на пластиката. 90% од луѓето во светот секојдневно ги внесуваат тие штетни материи во организмот.

Поради сомневање дека бисфенолот доведува до појава на рак, не се користи во производството на бебешки шишиња и брадавиците.

Препораката на експертите е да ги избегнуваме и да не користиме пластична амбалажа.

Бисфенол А (BPA) широко се користи како компонента кај пластичните контејнери и пакување на прехранбени производи, исто така е внатрешна обвивка на конзервите, иако повеќе од 200 научни истражувања покажуваат дека бисфенолот (BPA) е штетен за здравјето на луѓето.

Употребата на бисфенол (BPA) е толку честа со што научниците откриле дека 95% од луѓето кои се тестирале, имаат опасно ниво (BPA) во нивните тела.

Избегнувајте ги пластичните пакувања, можеби тоа е најдобриот начин да се избегне бисфенолот (BPA).

Неодамнешните истражувања во Харвард, во Одделот за јавно здравје, докажуваат дека конзервираната храна и пијалоците во пластична амбалажа можат да го зголемат нивото на бисфенол (BPA) во организмот на 100%, само за пет дена.