Доларот зема замав - на највисоко ниво од 2002 година
Објавено во: Финансии 05 Јануари, 2017
Доларот е на највисоко ниво од 2002 година наваму.
Ваков резултат е забележан во вторник, прв ден за тргување во 2017 година за многу финансиски центри.
Доларскиот индекс кој ја мери вредноста на доларот кон другите валути забележа пад од 0.3%, до 102,94 поени, а во вторник тој изнесуваше 103,82 поени.
Еврото утрово имаше раст од 0.6% или 1,0465 долари.
Растот на цените во еврозоната повеќе од очекуваното влијаеше на еврото.
Истражувањата покажуваат дека економскиот раст е на највисоко ниво во последниве пет години.
Се очекува оваа година доларот и еврото да се изедначат.