12 Мај, 2024
0.0304

ДОМ предлага – тутунот да се користи за биогориво

Објавено во: Агробизнис 04 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Програма за поинаков третман на тутунот, која ќе овозможи да се задржи производството на оваа важна индустриска култура за Македонија, но и ќе се намалат негативните последици од пушењето, предлага зелената партија ДОМ. „Со знаење се доаѓа до биогориво, храна и многу други полезни продукти, преку релативно едноставни технологии. Тоа е пример за зелена економија и зелени работни места, за кои ДОМ се залага, а во светот постојат многубројни фондови и поволни кредити“, вели лидерката на партијата Лилјана Поповска. Во светот веќе постојат централи за производство на биогориво од тутун, иако до сега моќната тутунска индустрија не дозволила овие релативно едноставни постапки да прераснат во масовна индустрија. „ДОМ го отвора прашањето за поинаков третман кон тутунот, со знаење и современи технологии, за да постигнеме многукратно поголеми добивки за производителите и државата, но и да се вклучиме во светските трендови за борба за почиста животна средина и подобар квалитет на живот“, вели Поповска. Деновиве тутунарите во Македонија изразија сериозна загриженост заради препораките  од Рамковната конвенција за контрола на тутунот, со кои се бара намалување на површините на кои се одгледува оваа култура и прекин на субвенциите. Во Македонија над 40.000 семејства живеат од тутун, а тој е меѓу најважните извозни производи. За тоа кои се стравувањата на тутунопроизводителите, повеќе на следниот линк: Тутунарите во паника, ќе мора ли Владата да прифати намалување на производството?!