ДОМИНАЦИЈА: Макрон однесе убедлива победа во вториот круг избори во Франција
Објавено во: Свет 19 Јуни, 2017
Францускиот претседател Емануел Макрон забележа уште една победа на изборите бидејќи неговата партија ЛРЕМ освои мнозинство на парламентарните избори.
Како што пренесува АФП, партијата на Макрон според првичните проценки, добила апсолутно мнозинство, односно помеѓу 355 и 425 места во парламентот.
Републиканците и нивните сојзници ќе добијат, покажуваат проекциите, помеѓу 125 и 133 места.
Социјалистите кои до минатиот месец беа на власт, ќе добијат како што се предвидува помеѓу 45 и 49 места.
Ипсос наведува дека крајно десничарскиот Национален фронт на чее чело е Марин ле Пен, ќе добие под осум пратенички мандати.