30 Април, 2024
0.0321

Домородците од Амазонија се огласија по пожарите, имаат моќна порака

Објавено во: Свет 05 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Домородци од Амазонија го предупредуваат светот за она што сите ги очекува доколку не ја почитуваат природата. 

„Долги години ние, домородните лидери и народите на Амазон, ве предупредуваме вас, нашите браќа, кои им нанесовте толку штета на нашите шуми“, пишува Раони Метуктире, поглавар на бразилскиот домороден народ Кајапо во отворено писмо. 

Ги повика луѓето дека мора да ги почитуваат растенијата, дрвјата, реките и самата земја. 

Она што го правите ќе го смени целиот свет и ќе го уништи нашиот дом - и ќе го уништи и вашиот дом, додава тој. 

„Го ставивме настрана нашето поделено минато за да бидеме заедно. Пред само една генерација многу наши племиња војуваа меѓу себе, но денес заедно се бориме против нашиот заеднички непријател. А тој заеднички непријател сте вие, недомородните народи, кои ги окупирате нашите земји и сега ги палите дури и тие мали делови од шумите каде што живееме и што ни ги оставивте. Претседателот на Бразил, Болсонаро, ги охрабрува фармерите во близина на нашата земја да ја чистат шумата - и не прави ништо за да ги спречи да не ја окупираат нашата територија. Ве повикуваме да го прекинете тоа што го правите, да го запрете уништувањето, да го запрете нападот на духот на Земјата. Кога ги сечете дрвјата, вие ги напаѓате душите на нашите предци. Кога копате по минерали, вие го прободувате срцето на Земјата. А кога во земјата и реките испуштате отрови – хемикалии од земјоделството и жива од рудниците за злато – ги слабеете духовите, растенијата, животните и самата земја. Кога така ќе ја ослабите земјата, таа почнува да умира. Ако земјата умре, ако нашата Земја умре, тогаш никој од нас нема да може да живее и сите ние исто така ќе умреме. Зошто го правите тоа? Велите дека тоа е за развој, но каков е тој развој што го одзема богатството на шумата и го заменува со само еден вид растение или животно? Таму каде што духовите некогаш ни даваа сè што ни требаше за среќен живот - сета наша храна, нашите куќи, нашите лекови - сега има само соја или добиток. За кого е овој развој? Само неколку луѓе живеат на фармите; тие не можат да издржуваат многу луѓе и се бесплодни“, пишува тој. 

Во Бразил долго време гореа амазонските шуми и ова го згрози светот. 

Во земјата кон крајот на август е воведена забрана за палење на шумите, и таа ќе трае два месеци. Указот на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за забрана за палење на шумите за добивање земјоделски површини, која треба да придонесе на сопирањето на ширењето на пожарите во Амазонија, стапи на сила и ќе трае два месеци. Се случуваше за едно деноноќие да има и над 1.000 пожари во Амазонија. 

Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург