Доналд Трамп е личност на годината на списанието Time
Објавено во: Свет 07 Декември, 2016
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп беше прогласен за личност на годината на списанието Time, соопшти BBC.
Oткако стана јасно дека токму Трамп е личност на годината на 2016 година, тој коментира за телевизијата NBC дека тоа е голема чест и значи многу за него.
Победникот на претседателските избори бил избран од листата, на која била ставена и противничката од Демократската партија Хилари Клинтон, како и претседателот на Русија, Владимир Путин.
Поранешниот лидер на Партијата на независноста на Обединетото Кралство, Најџел Фараж исто бил меѓу потенцијалните личности поради успешната кампања за излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
„Ова е 90 - ти пат во кој избираме личност на годината, која имала најголемо влијание, добро или лошо, на настаните во текот на годината"-пишуваат од Time.
Во продолжение се коментира победата на Трамп.