Доријан на плажите донесе „сомнителни“ пакети
Објавено во: Свет 05 Септември, 2019
На брегот на Флорида ураганот Доријан донел пакети со кокаин.
Полицијата соопшти дека сомнителни пакети се појавуваат на плажите.
Полицијата во близина на плажата Кокоа нашла 25 килограми кокаин, а потоа покрај плажата Парадајс бич парк е најден уште еден пакет тежок еден килограм. На пакетот пишувало „Дијамант“.
Ураганот Доријан неделава предизвика огромна штета на Бахамите, при што загинаа 20 луѓе. Обединетите нации објавија дека на 70.000 луѓе им е неопходна итна хуманитарна помош. Најтешко погодени се островите Грејт Бахама и Абако. Ураганот вчера стигна до Флорида, но во однос на претходните денови е значително ослабен.
Фармер од Џексонвил изминатава недела купил 100 генератори во маркет во Флорида со намера да ги донира на Бахамите. Островот во Средна Америка деновиве беше погоден од разорниот ураган Доријан и голем дел од жителите останаа без електрична енергија, храна, вода и своите домови.