06 Мај, 2024
0.0263

Досие Мицкоски - Нов лидер кој мора брзо да излезе од сенката на Груевски

Објавено во: Македонија 24 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски и официјално е третиот претседател во историјата на ВМРО-ДПМНЕ по одржаниот вонреден Конгрес во Валандово. Тој беше единствен кандидат откако останатите партиски кадри решија да се повлечат од партиската трка убедени дека се соочени со нефер услови во обидот да се претстават пред членството и да добијат поддрка од делегатите. Мицкоски уште во првото обраќање како нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ порача дека сега е време да стојат заедно и најави дека сите внатрешни проблеми кои се создадоа во партијата со многу поделба на групации и крила мора да се решава но, без јавен театар од кој бенефит ќе има само СДСМ.

Мицкоски долго време важеше за кандидат кој лично има најголема поддршка од Никола Груевски иако сега веќе поранешниот претседател тоа јавно го негираше. Теориите дека Мицкоски ќе победи на Конгресот кои се вртеа изминатиот месец, но и многу поодамна уште при поразот на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во октомври се испоставија како точни, без оглед дали се случајност или не.

За Мицкоски повеќе кругови тврдат дека ќе биде лидер кој најмногу му одговара на Никола Груевски. Ваква ситуација имавме и во 2003 година кога Љубчо Георгиевски се повлече и го предложи Груевски како свој наследник при што исто така во партијата дојде до силен раскол и создавање на нови помали партии кои беа незадоволни од конгресот во Охрид. Сепак, претпоставките дека Груевски ќе биде марионета на Георгиевски не се исполнија во целост, па набргу ученикот го надмина учителот и успеа да владее цели 11 години.

Мицкоски ќе мора веднаш да покаже дека нема да биде лидер во сенката на Груевски, ќе мора да преземе потези кои ќе прикажат свежина во раководењето на ВМРО-ДПМНЕ, особено што опозицијата ќе има значајна улога во наредниот период за создавање на национален консензус по најважните државни стратешки прашања и да даде свој придонес во реформите кои на Македонија и се неопходни, но и поставени како обврска.

Мицкоски исто така даде сигнали дека ја поддржува досегашната тактика на ВМРО-ДПМНЕ за силни критики кон власта кога се во прашање 36 осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста кои се според партијата неосновано притворени, дека се патриоти и дека треба да се ослободат бидејќи се дел од процес кој е политички мотивиран. 

Ваквата тврдоглава позиција на ВМРО-ДПМНЕ не му дава изгледи дека ќе прерасне во партија која ги почитува правосудните органи за создавање на услови за враќање на довербата во судовите и обезбедување на правда за секого без оглед на неговата партиска припадност, професија, родителство или било кое друго обележје кое ВМРО-ДПМНЕ го користеше за одбрана на своите членови, а не правните аргументи и судската постапка.

Мицкоски за Фактор Магазин неодамна посочи дека новиот лидер треба да исполнува три основни пилари за да биде успешен, односно да биде прифатен од членството, да ги подобри односите со меѓународната заедница и да биде личност која ќе има позитивен впечаток во јавноста.

Тој ако гледаме според членството доби голема поддршка на Конгресот, но не и од повеќе искусни кадри на партијата кои можеби не директно, но секако суптилно не се согласија да им биде лидер, разочарани што можеби и Груевски не застана зад нив иако некои од нив лично сметаа дека членството токму за нивното име ќе се обедини. Секако, како нов претседател на партијата ќе има моќ да создаде тим околу него кој ќе му овозможи да ја наметне својата волја, а за останатите кои не се согласуваат ќе следи сигурно маргинализација бидејќи за кратко време никој не очекува брза демократизација на ВМРО-ДПМНЕ без соодветни статутарни промени и обид да се усогласат сите фракции и групации. 

Во однос на условот прифатеност од народот или пошироката јавност Мицкоски има шанси да изгради угледна позиција бидејќи не е оптоварен со „бомбите“ и не е дел од истрагите или обвиненијата кои ги води СЈО што барем од старт му овозможува да се прикаже како чесен и некорумпиран политичар.

Инаку Мицкоски беше Претседател на управен одбор и Генерален Директор на АД ЕЛЕМ, што е една од највисоките позиции кои ја извршуваше во претходните влади на државно ниво, а потоа беше и носител на советничката листа за град Скопје. Тој во владата на Груевски беше негов советник за енергетика, а дојде од Машински факултет Скопје каде беше професор. Тој е и Доктор по технички науки-машинство, оженет и татко на две деца. Во ВМРО-ДПМНЕ е дваесетина години, а највисока партиска функција која е извршуваше е генерален секретар до последните локални избори на кои опозицијата доживеа тежок и болен пораз.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните