11 Мај, 2024
0.0277

Државен испитен центар: Матурантите препишувале откако ги добиле тестовите по англиски јазик

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Од Државниот испитен центар денеска реагираат дека не е пробиен тестот за полагање на државна матура по англиски јазик пред да им биде доделен на матурантите. Иако мобилните телефони се забранети, имало ученици кои успеале да ги внесат.

Од таму нагласуваат дека учениците го споделувале на Вибер за време на тестот, откако истиот започнал. Неофицијално, споделувањето по Вибер групи не е прв пат, туку пракса која трае подолго време. Според ДИЦ, тестот бил спроведен професионално.

Денеска матурантите го полагаат вториот екстерен испит. Тој е изборен и тие можеа да се определат за еден од седум понудени предмети.

Според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1397, Француски јазик  - 29, Германски јазик - 122, Руски јазик - 17, Естетика - 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти.  

За полагање на државната матура во јунскиот испитен рок годинава беа пријавени 15 620 матуранти. Од нив, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование. 



Можеби ќе ве интересира

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Таравари се надева дека ВЛЕН ќе ја добие функцијата претседател на Собранието

Таравари се надева дека ВЛЕН ќе ја добие функцијата претседател на Собранието