03 Мај, 2024
0.0248

Државни гаранции за кредити на фирмите: Во Гарантниот фонд има 10 милиони евра

Објавено во: Економија 02 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупно 10 милиони евра предвиде Владата за Гарантниот фонд од кои ќе се издаваат гаранции за кредити на фирмите. На вчерашната владина седница беше усвоен Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот. Во него, како што велат од Владата, се поставени контурите на државната гарантна шема, дел од сетот на економски мерки за справување со ефектите од пандемијата КОВИД-19. 

Со законското решение се предлага дополнување на активностите на Развојната банка на Северна Македонија за реализација на проекти и/или програми на Владата со издавање гаранции од Гарантен фонд. 

„Средствата на Гарантниот фонд, во предлогот на законот е предвидено да се користат за издавање гаранции за обезбедување на плаќања по основ на главница на новоодобрени кредити за обртни средства до 80% од износот на кредитот и кредити за основни средства до 50% од износот на кредитот, согласно добрите пракси во европските земји. Крајните корисници на гаранциите може да бидат микро, мали и средни трговци, како и големи извозно-ориентирани трговски друштва во кои приходите по основ на извоз имаат учество од најмалку 30% во вкупните остварени приходи во претходната фискална година.За работењето на Гарантниот фонд, Развојна банка ќе објавува податоци на својата веб страна на квартална основа, а Министерството за финансии на својата веб страна ќе објавува полугодишни извештаи за фискалните ризици на Гарантниот фонд, стои во соопштението од Развојната банка. 

Предлог законското решение, пред да влезе во владина постапка беше поставено на јавна дискусија на ЕНЕР. Со усвојувањето на предлогот на законот од страна на Собранието, ќе се создаде законската рамка за отпочнување на државната гарантна шема.


Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување