ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата
Објавено во: Македонија 28 Март, 2024
Претседателот на Унијата на Ромите и актуелен градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш изјави дека Али Ахмети е татко на нацијата, и дека тој би го следел неговиот пример, и затоа влегува во коалиција со него.
Тој го пофали дека многу направил за Македонија.
„Само пред 22-23 години Албанците беа исто така маргинализирани, дискриминирани како сега Ромите. Не им се давало право ниту на образование, ни вработување, секаде биле блокирани. Тој е Али Ахмети дојде за да денеска Албанците се рамноправен народ во Македонија, и како да не го почитуваш тој човек? Тоа треба да им се каже на овие нови генерации, кои не знаат како беше пред 20 години, и затоа реков јас да сум Албанец, јас би го следел само него цел живот. Тука зборуваме за татко на нацијата, тука зборуваме за Али Ахмети, тој е татко на нацијата и мораме да го почитуваме“, рече Дудуш за Тв 21.
Дудуш кажа дека од СДСМ го избркале, а за причините треба СДСМ да ги каже.