04 Мај, 2024
0.0245

ДУИ со предлог-мерка за директно давање пари на граѓани, но не сака кратење на плати

Објавено во: Економија 12 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Синоќа во седиштето на ДУИ во Тетово се одржа состанок на секретаријатот за економија и финансии во кој беше изготвен сет на социјални и економски предлог-мерки во интерес на закрепнување на економското и социјалното состојбата на граѓаните и приватниот сектор како одговор на последиците предизвикани од ковид-19.

ДУИ останува на ставот дека не треба да има намалување на платите во јавната администрација, додека за зголемена потрошувачка се предлага директна финансиска помош за граѓаните.

„Нашата главна порака е дека зголемувањето на јавната и приватната потрошувачка ќе го промовира економскиот раст. За оваа намена, потребно е да се забрза спроведувањето на сите капитални инвестиции планирани за 2020 година. Предлогот за ДУИ во наредниот период е дека фокусот треба да биде на имплементација на сите проекти- изградба на училишта, градинки, спортски сали , патна инфраструктура и железничка инфраструктура, забрзување на изградбата на гасоводната мрежа, инвестиции во водоводната и канализациската мрежа, но и енергетска ефикасност на објектите“, гласи заклучокот на интегративците.

Од таму велат дека сега е време владата да излезе со трет пакет на социо-економско закрепнување кои ќе се фокусираат на стимулирање на приватната потрошувачка со таргетирање на граѓаните, загрозени социјални категории, деловни и особено микро компании, како и мали и средни претпријатија.

„За стимулирање на домашната економија, предлагаме мерки за зголемување на локалното производство, што ќе се спроведе со поттикнување на граѓаните да купуваат локални производи, но и преку финансиска поддршка за зголемување на производството на земјоделски производи“, додаваат од таму.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?