27 Април, 2024
0.0304

ДУИ во влада со ВМРО-ДПМНЕ, но без Груевски!?

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Голема неизвесност и натаму владее во седиштето на ДУИ каде се водат финалните разговори меѓу членството околу формирањето на нова влада со ВМРО-ДПМНЕ за што силно се залагал претседателот Али Ахмети. 

Кадрите кои биле против нова коалиција единствен компромис би направиле во случај да се издејствува Никола Груевски да не биде премиер со што ќе се одржи ставот дека во новата влада не смее да има функционери кои се осомничени или обвинети од страна на СЈО. 

Секако, изоставувањето на Груевски тешко ќе помине кај членството на ВМРО-ДПМНЕ, но во едно такво сценарио како нов мандатар фаворит е актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски. 

Вечерва во 19 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе се состане со партиите од изборната коалиција при што ќе се договорат заеднички ставови за одлуката на ДУИ без оглед каква ќе биде таа. Исто така нема подетални информации што содржи договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и кои услови се исполнети, а кои се повлечени. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“