Дурловски во Собранието бил за Македонија, но без насилство
Објавено во: Македонија 30 Април, 2017
Еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, директорот на Македонскиот опера и балет, оперскиот пејач Игор Дурловски вчера се огласи на својот Фејсбук профил по повод најновите случувања во Собранието.
„Јас без за Македонија, но без насилство. Јас бев за Македонија без албанска химна во собрание! Јас бев…“ - напиша тој.
За статусот тој имаше критики, но и поддршка од истомисленици.
Синдикатот на МОБ го призна и инцидентот за нападот на Дурловски врз балетанот Виктор Карев, кој му се обратил со зборовите „Ти ли ќе ни правиш војна!“.
Синоќа МВР испрати писмо до Основното јавно обвинитлество со кое го повика што побрзо да ги повика на сослушување и да им одредат мерки за обезбедување на организаторите на протестите. Меѓу нив е и Дурловски.